Заев и Николовски се откажаа од патните трошоци


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски објави дека тој и лидерот на партијата Зоран Заев се откажуваат од патните трошоци, како што ветила партијата пред изборите.

„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба.За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци”, напиша Николовски на фејсбук.

Тој, како што вели, ги охрабрува колегите од сите партии да го следат овој чекор, како мал мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни.