„Стоп за грабежот“: Се појавуваат долгови и во непостоечки банки


Фото: Б. Грданоски

Пред Минстерството за правда денеска се одржа протест под мотото „Стоп за грабежот“, насочен кон извршителите, но и судиите и обвинителите.

Демонстрантите побараа извршителите да се вратат во рамките на судот, но и да се направи ветинг на судиите, затоа што обвинуваат дека дел од нив се криминални.

Фото: Б. Грданоски

– Поради лихварската вонсудска наплата , но и поради лихварската судска наплата која претходно функционираше пред вонсудската наплата, заедно со корумпираното судство во една спрега, ние живееме во една пеколна држава. Се раоти за еден исклучетлно тежок криминал кој се реализира преку повторното изврување, преку повторните нотарски платни налози иако постоеше мораториум од неколку месеци поради пандемијата, тој се продолжи – рекоа дел од насобраните.

Фото: Б. Грданоски

Појаснија дека секој ден се јавуваат луѓе кои се заглавени од долгови, а тие се напумпани и до триесет пати поголеми. Еден феномен кој што го забележаа е дека бидејќи тарифникот на извршителите е намален тие влегуваат во лихварски односи со приватни лица, лихварски односи кои се ненормални и влегуваат во надлежност на Кривичниот законик.

Обвинија дека се појавуваат долгови во банки кои по 15 години не постојат, како „Македонка банка“, „Алба банка“, а тоа се долгови со огромни суми.

Фото: Б. Грданоски

Велат дека овој протест не е насочен само кон извршителите како до сега, туку е поширок и се однесува и на правосудните органи.

– Бараме повторно извршителите да се вратат во рамките на судот, затоа што на тој начин ќе има поправични судења и ќе дојдеме до правда. Бараме и ветинг на судиите, затоа што во самата суска власт имаме криминални судии, имаме и во Судскиот совет, кој формално постои, а не ги надгледува судиите.

Обвинија дека мафијата во спрега со институциите лицитираат станови, одземаат имоти, уништуваат човечки животи.

Горан Новаковски од здружението, пак, изјави дека пријавил 213 судии, пред се, до Американската амбасада. Бара Републилкикот судски совет да закаже јавна седница за претставката што ја доставил за работењето на судиите.

-Со овие претставки што ги поднесувам секаде и до Министерството за правда сакам директно да ги посочам тогашните врховни судии, „сваровски судии“, криминалци судии коишто ни носат две дијаметрално спротивни ревизии. Првата во 2011, а втората во 2013 по нарачака  се сомневам од бившиот диктаторско-рекетарски режим на чело со Груевски, Мијалков, Латас, преку Филимена и Михајло Маневски. Претпоставувам таму се јавиле во Врховен суд кај Јово Вангеловски тогаш и директно ги посочувам судиите, тогашни врховни судии Киро Здравев, којшто моментално е претседател на Републички судски совет, Николче Николовски, Емилија Блажевска, Мирјана Радева Стевкова, Сафет Алиу и Џемали Саити. Врз основа на оваа претставка на која до ден денес не ми е одговорено барам јавно да се закаже седница на Републички судски совет и да се расправа по мојата претставка бидејќи сакам да биде запознаена целата јавност, рече Новаковски.(Б.Б.)