Заев со 46, а Мицкоски со 44 пратеници во трка за формирање парламентарно мнозинство


Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ со освоени 46 мандати има најголем коалиционен капацитет, додека од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 44 мандати веруваат дека имаат најголем кредибилитет да се борат за состав на нова Влада, по предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули годинава. Во новиот собраниски состав СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат помалку пратеници од досега, […]

Позитивни на Ковид-19 над 10 отсто од тестираните, бројот на оздравени за 1.000 поголем од активните случаи


Последните тестирања за Ковид-19 резултираа со над десет отсто новизаразени од корона вирусот. Во последното соопштение на Министерството за здравство е наведено дека биле извршени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи со Ковид-19. И натаму најголем број на новозаразени од корона вирусот се регистрират во Скопје.  Но, освен новите случаи со корона вирусот […]

И официјално – СДСМ 46, а ВМРО-ДПМНЕ 44 мандати


Државната изборна комисија вечерва конечно ги објави првите неофицијални резултати од изборите што се одржаа вчера и тие речиси да не се разликуваат од податоците што кусо беа објавени утринава околу 3 часот на нејзиниот веб-сајт. Според овие податоци, коалицијата на СДСМ и Беса оцвои 46, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44 пратенички места. Понатаму, ДУИ […]

Имало ли „крт“ во ДИК кој ги манипулирал резултатите?


Слободанка Јовановска Компанијата „Дуна“, која ја обезбедила апликацијата за пребројување на гласовите за ДИК, негира било каква одговорност за хаосот што се создаде околу изборниот процес, до таа мерка што ДИК се уште не излегува со резултати, а неколку партии ги спорат бројките што беа објавени и бараат увид во избирачките списоци. Според Александар Пајковски, […]

Нови 94 случаи со Ковид-19, осум починати, 42 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2. Починати се осум пациенти, двајца од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево. На Клиниката за […]

Спасовски: Изборите потврда за нашиот европски капацитет, ДИК да ги соопшти резултатите


Изборот е направен, насоката е потврдена, Северна Македонија продолжува по правиот пат во сигурна и европска иднина, рече денеска премиерот Оливер Спасовски. На прес-конференција во Владата, ден по изборите, Спасовски потенцира дека вчера, граѓаните и државата покажаа европски капацитет, докажаа дека заслужено земјава е членка на НАТО и на чекор од почеток на преговорите со […]

ДИК ги броела гласовите цела ноќ, попладне ќе излезе со резултатите


Слободанка Јовановска По хаосот поради нелогичните бројки од гласачките места и паѓањето на страницата, во ДИК ги проверуваат записниците и точните резултати ќе бидат објавени попладнево. Според Борис Кондарко, членовите на ДИК работеле цела ноќ и се уште работат на проверка на електронските резултати со тие што стојат во записниците и нема шанси хакерскиот напад […]

ДИК: СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден


Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 […]

Конститутивна седница на Собранието најдоцна за 20 дена, треба да ја свика Џафери


Најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да се одржи конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, а седницата ја свикува претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери. Собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници, кои ги претставуваат граѓаните и одлучуваат по свое уверување. Согласно Уставот, пратениците во Собранието се избираат за време […]

Што се случува со податоците што ги објавува ДИК? Едни со други не се совпаѓаат


Надвор од тоа што падна сајтот на Државната изборна комисија кога требаше да почне објавувањето на резултатите од изборите, многу нелогичности се појавија на страната на ДИК кога таа клонечно проработе околу 3 часот по полноќ. Но кога ќе ги отворате резултатите на ниво на држава и по изборни единици се појавуваат податоци кои никако […]

СДСМ победи на изборите во исклучително тесна трка


Како што и се предвидуваше овие избори беа неверојатно неизвесни и во мртвата трка во поголемиот дел на вечерта кога се пребројуваа резултатите, коалицијата на СДСМ и Беса однесе тесна победа од 1,3 процентни (35,81 наспроти 34,5 отсто, а остануваа да се пребројат гласовите на уште стотина избирачки места) поени разлика пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. […]

(ВИДЕО) Заев: Успеавме, народе мој!


Успеавме, народе мој, порача доцна вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соопштувајќи дека во моментов СДСМ со коалицијата победуваат  со над три пратенички мандати и со можност да освојат еден или два повеќе.Според него граѓаните излегоа да гласаат за сигурност, за ред и за правда. -Патот напред е потврден. На опасноста и кажавме јасно не, […]

СДСМ во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ по пребројани 90 отсто од избирачките места


Според првичните резултати од електронскиот внес на Државната изборна комисија (ДИК), СДСМ и коалицијата водат по пребројани 90 отсто од избирачките места (3.130 од 3.480). Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 272.881 глас или 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 262.168 гласа или 34,73 отсто. За ДУИ гласале 86.816 или 11,5 отсто, за Албанците […]

Љупчо Николовски прогласи победа


Победа, победа, победа… ја започна прес конференцијата генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски . -На околу 75 отсто обработени податоци од денешниот кристално чист изборен ден јасни се две работи – победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро. ВМРО-ДПМНЕ и скапата Бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата „Можеме“ во овој […]

Мртва трка – СДСМ води со еден процент пред ВМРО-ДПМНЕ


Според резултатите од ДИК кои може да се добијат во комисијата додека нивниот сајт се уште не работи, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во мртва трка, со тоа што водат социјалдемократите. Од пребројани гласови од 2.287 избирачки места од 3.480 СДСМ има 36,79 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ 35,77 проценти. Од другите партии, ДУИ има 10,29, Алијансата […]

СДСМ тврди дека води со пребројани една третина од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ го вели спротивното


Сајтот на Државната изборна комисија е паднат, па не може да се види како тече пребројувањето на гласовите. Според последните податоци од пребројани 15 проценти од гласовите, водеше СДСМ со помалку од еден процент од гласовите. Од партиските штабови стигнуваат различни резултати. Според извори од СДСМ по пребројани 33 отсто од гласовите нивната коалиција водела […]

Изборите завршија, излезноста надмина 50 отсто


Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека излезноста на изборите надминала 50 отсто, но до конечната бројка треба да се пребројат гласачите од последните дваесетина минути. Со оваа прес конференција практично завршија изборите и сега ќе почне пребројувањето на гласачите. дерковски беше многу задоволен од тоа како поминаа изборите. Попрецизно, до 20:40 часот […]

Пендаровски: Безбедно гласање, а учесниците да си подадат рака


Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски своето право на глас денеска го оствари на избирачкото место 2489 во месната заедница Автокоманда.  -Очекувам како што и доликува на една европска демократска држава сите учесници во изборниот процес вечер по завршувањето на гласањето да си подадат рака и да си честитаат еден на друг, изјави претседателот Стево […]

Спасовски: Граѓаните можеа безбедно да гласаат – одлучуваат каде ќе се движи државата


Претседателот на Владата и носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска гласаше на избирачкото место во О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово. По гласањето тој истакна дека денеска е исклучително важен ден за земјата и дека како Влада покажале дека може да се организираат фер, демократски, слободни избори и во  услови на сериозна […]

Заев: Специфични избори – глас за определбата да се оди напред


– Навистина, овие се многу поразлични избори од кои било други, но не се помалку важни. Многу се важни заради тоа што со резултатот од овие избори ќе знаеме на која позиција, како ќе успееме за следните четири години и секако каков ќе биде животот на граѓаните во следните четири години. Верувам дека со нашата […]