Собранието конституирано, спикерот ќе се избира друг пат


Откако Јагода Шахпаска во име на Верификациската комисија го поднесе извештајот за изборот на новите пратеници, претседавачот на Конституивната седница, Талат Џафери,  ја прекина седницата и изборот на спикер на Собранието го остави за некое друго време. Претседателот на Собранието и составот на Комисијата за избори и именувања ќе се направи кога ќе биде формирано новото парламентарно мнозинство.

На оние министри кои станаа и пратеници во новиот состав им прекинува мандатот во Владата.