Заев најави преговори за стабилна влада и четиригодишен мандат


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по конститутивната седница на Собранието одржа прес конференција на која најави почнување разговори за формирање стабилна влада која ќе истера четиригодишен мандат. Тој го навести и можниот состав на идната влада, споменувајќи ги ДУИ, Алијансата за Албанците и Алтернатива.

-Државата им припаѓа на сите подеднакво. Од денеска почнуваме преговори за нов четиригодишен полн мандат за стабилна влада која е подготвена да сработи. Ќе разговараме за формирање на влада која се грижи исклучиво за сите граѓани ослободена од етнички предрасуди  и која ќе нема никакви дилеми за заедничкиот пат кој се вика Северна Македонија и Едно општство за сите. Влада која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа. Особено внимание ќе просветиме на прочистување на правосудството и потеклото на пари и капитал кај секој функционер. Идните чинители во новата влада треба да се подготвени за сериозни реформи во јавната администрација која ќе доведе до ефиксно служење на потребите на граѓаните и до намалување до 20 отсто. Зборуваме и за помал број на министри. Платите да растат, да се вложува во младите, да се води грижа на најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на економскиот сектор. Почнуваме преговори поставени на сериозни принципи за влада посветена на економијата и на правдата. Влада која со секое отворање на поглавјата ќе создава нови европски стандарди, ги најави Заев принципите врз основа на кои ќе ги води разговорите.

Тој не одговори директно дали се уште стои зад ставот дека коалиција со ДУИ не вреди ни пет пари, посочувајќи на горенаведените услови за формирањето на владата. Тој најави дека преговорите ќе почнат веќе денес.

-Ќе ги слушнеме понудите и размислувањата  од сите политички партии и врз основа на тоа ќе оцениме како ќе пресечеме. На граѓаните им треба сериозен пристап, премиер што ќе се зафати да работи, а не што ќе исполнува политички агенди. Немаме проблем со секакви определби но важни се и бројките,а со 15 пратеници влада не се прави, порача Заев.

Околу тврдењата од опозицијата дека новата влада ќе биде нестабилна и краткотрајна, Заев оцени дека парламентарни избори е има 2024 година, порачувајќи му на Мицкоски да не ја лаже јавноста.

-Опции имаме со ДУИ, Алијансата за Албанците и со Алтернатива. Новата влада ќе биде за четири години и јас сум убеден во тоа, рече Заев.

Според него, бројките се доволно големи за да бидат гаранција за стабилна влада. Во услови кога немаме проблем со Грција и Бугарија, кога немаме проблем со меѓуетничките односи, останува само да работиме внатре. Тоа и, како што рече, вербата моја и на раководството на СДСМ е втора гаранција за успешни четири години.

Министрите без ресор ќе се скратат. Државата по закон има 16 министерства, дополнителните до 26 ќе бидат намалени.