Грција дозволи летови од Македонија до Атина


Грчката агенција за цивилно воздухопловство во саботата издаде нова директива за авијација со која се дозволува сите авиони за Грција од Македонија да слетуваат само на меѓународниот аеродром во Атина (АИА), како дел од превентивните мерки на земјата против коронавирусот (Ковид19).

Летовите кон и од двете земји претходно беа привремено забранети.

Според новата диеектива, на сите летови од Албанија и од Северна Македонија им е дозволено да слетаат само до сабота, 15 август .  Летовите од двете земји кон другите аеродроми во Грција се суспендирани.

Сите патници кои влегуваат во Грција од Обединетите Арапски Емирати, Бугарија и Романија, по пристигнувањето, се должни да претстават негативен резултат на тест (ПЦР) за „Ковид-19“. Тестот мора да биде направен 72 часа пред патниците да влезат во Грција.