(ВИДЕО) Вчера експлозија во Бејрут, сега застрашувачки пожар во Емиратите

Светските агенции само што почнаа да јавуваат за огромен пожар што во моментов се случува во Ајман, град во еден од емиратите во ОАЕ. Според агенциите, масивниот пожар се случил на локален пазар, а властите се уште не знаат која е причината. Оваа индустриска зона е на 50 километри од Дубаи. Се уште траат напорите да се угаси пожарот. На местото на пожарот се слушаат пукотници и има густ црн облак од чад.