Луѓето не сакаат да летаат: Ковид-19 ги разбуди ноќните кушет возови


  Стравот од корона вирусот и свеста за зголеменото ниво на јаглеродот доведе до ревитализирање на ноќните возови со кушет и спални кабини меѓу многу градови во Европа. Романтиката, авантурата и спокојот се врати во патувањето   Со целото нивно ветување за романтика и авантура, се чинеше дека возовите со кушет вагони во Европа дојдоа […]

Мисовски на Мечкин Камен: Македонија е пример во регионот


Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска во Крушево изјави дека сме исправени пред опасноста Ковид -19, кој е тежок предизвик за здравствениот систем. Вели дека од сето ова ќе излеземе со повеќе искуство, и со вредност, а тоа е солидарноста. Им се заблагодари на здравствените работници, за нивната посветеност, хуманост и солидарност. „Работевме напорно за да бидеме […]

Пендаровски од Пелинце: Само со почитување на правото ќе обезбедиме праведно општество


Претседателот Стево Пендаровски се обрати од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден. „Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа своите животи во борбата […]

(Во живо) Обраќање на премиерот Спасовски по повод Денот на Републиката


На денешен ден – 2 август Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, беа столбовите на Републиката и на државноста, порача денеска во своето обраќање на скопската тврдина Кале премиерот Оливер Спасовски на […]

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири


Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. […]

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените


Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на Ковид-19 или околу 8,5 отсто, од нив најмногуи се во Скопје – 47 новозаболени. По градови следат Куманово-17, Штип-16, Дебар-10, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, […]

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е!


Со објава на Твитер, министерот за здравство Венко Филипче реагираше на загрижувачките информации дека на одморалиштата низ Македонија не се почитуваат мерките за заштита од ширењето на инфекција со вирусот ковид-19. „Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето […]

До 15 август не можеме во Грција


Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020 година, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Како што претходно објави МИА, денеска истекува одлуката од […]

Чаршијата замре за Курбан Бајрам (галерија)


Граѓаните на Скопје, особено од исламската вероисповед, денешниот најтопол ден ова лето и прв ден од Курбан Бајрам (трае четири дена) одлучија да го поминат дома или во затворен простор. Дел од граѓаните сигурно ќе го спојат денешниот ден со викендот и со неработниот понеделник за празникот Илинден и ќе заминат во некој од туристичките […]

Струјата поскапува за 7,4 отсто


Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради […]

На 10 август ќе се знаат протоколите за училиштата


Работната група на Министерството за образование и наука ќе има средба со Комисијата за заразни болести во вторник или среда, за да се утврди конечна верзија на плановите и протоколите како да се одвива наставата од 1 септември во услови на епидемија од Ковид-19.  Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА изјави дека […]

Истече одлуката за забранет влез за наши државјани во Грција, се чека новата


Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани објавена на 15 јули истекува денеска, а засега, нема информација за нејзино продолжување или поништување, јави дописничката на МИА од Атина. Ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното […]

Спасовски: Во Владата денеска разговори за изградба на водоводот во Синичани


На сите граѓани без разлика каде живеат мора да им се обезбедат еднакви услови, а чиста вода за пиење е еден од тие основни услови. Надлежност во тој дел има локалната самоуправа и манипулација со граѓаните по кој било момент или аспект што се однесува при градба од ваков вид не смее да има, изјави […]

Надградба на здравствената инфраструктура за справување со Ковид-19, активни 4.117 случаи


Подобар одговор на предизвикот со вирусот Ковид-19  треба да овозможи предлог проект за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура за брз одговор и справување со Ковид-19, што е прелиминарно поддржан од Светската банка и којшто според ресорниот министер Венко Филипче може да се надополни. Во пресрет на есенскиот бран се зајакнуваат и капацитетите на Клиниката […]

Владата ги објави фирмите што ја злоупотребиле помошта за плати, УЈП демантира дека се 10 милиони евра


Владата денес ја објави листата фирми кои примиле државна помош за исплата на плати во износ од 14.500 денари по вработен, а таа не им била исплатена на работниците. По жестоките реакции во јавноста откако беше обелоденет овој скандал, сега списокот на фирми што не ја почитувале владината Уредба и ги злоупотребиле буџетските пари е […]

„Ист гејт“ – Скопје ќе го има третиот по големина шопинг мол и најголемата „Зара“ во регионот


Вкупната инвестиција изнесува 103 милиони евра, од кои денес беа обезбедени 72 милиони евра преку синдициран заем кој беше потпишан од страна на домашни и странски банки со кои се заокружува финансиската конструкција   Во периодот од септември до 15 ноември 2021 година во Скопје ќе биде отворен „Источна порта“ – East Gate Mall, третиот […]

Земјава во жолта фаза, да се почитуваат мерките за заштита


Министерството за здравство апелира денеска и утре да се почитуваат општите мерки за заштита од високи температури зашто, според најавите од УХМР, земјава ќе биде во жолта, алертна фаза. Се препорачува граѓаните да престојуваат повеќе во затворени простории, по можност климатизирани, а ако мора да излегуваат надвор да се одмораат почесто под сенка, да носат […]

Трицифрени бројки на новозаболени и оздравени, Филипче оценува дека ситуацијата е стабилна


Здравствените власти вчера повторно регистрираа трицифрена бројка на новозаболени од Ковид-19 во земјава, но висока е и бројката на оздравени пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ситуацијата е стабилна и под контрола. Според информациите од надлежните институции, во изминатите 24 часа од вкупно направени 1971 тестирања дијагностицирани се нови 188 заболени, додека бројот […]

(Фото) Туризмот на респиратор – протест на туристичките работници


„Туризмот на распиратор“, „Ни треба помош сега и веднаш“, „300 туристички агенции ќе стават клуч на врата“, Државата не заборави“, се само некои од пораките кои ги упатија туристичките работници на протестот што се одржа пред Владата. Како што велат тие засегнати се 5.000 вработени во овој сектор кој е еден од најпогодените поради пандемијаата […]

Едногодишно бебе и 4-годишно дете заразени од Ковид-19 во Битола


БИТОЛА – Едногодишно бебе е најмладиот пациент кој денеска е заболен од корона вирусот во Битола. Исто така вирусот е дијагностициран и кај дете од четири години. И двете се дел од петте позитивни лица регистрирани денеска во Битола. Со денешните случаи бројот на заразени во Битола достигна 127. Денеска почина и 73-годишен битолчанец, кој […]