Шилегов: Треба референдум за Универзална сала


Референдум на кој граѓаните ќе одлучат што да се прави со објектот на Универзалната сала во Скопје, е една од опциите кои ги најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешниот брифинг. – Нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Првата опција е изградба на нова Универзална сала на постојната локација, втората е изградба на […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно и натаму трицифрен, во Скопје 1.865 активни случаи


Нови 102 нови случаи на Ковид-19 од 1.356 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа пет лица од Скопје, Кичево, Куманово, Прилеп и Штип. Регистрирани се 99 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 10.315,  бројот на оздравени пациенти е 5.663, на […]

Скопје нема море, ама го има Вардар и фонтаните (галерија)


Скопје нема море ама го има Вардар. Не е проѕирен и син како морето, езерото или реката, често е заматен и со сомнителна кафена боја, ама во овие тропски горештини во Скопје ни е асоцијација на свежина, ни ги отргнува мислите од коронавирусот и од политиката. Одморот во Македонија стана мислена именка, иако го имавме […]

Парите од Фудбалската федерација трошени за дијамантски накит, луксузни патувања и брендирана облека


 Управата за финансиска полиција поденесе кривични пријави по повеќе основи против 11 физички лица како и 14 правни лица, кои во периодот од 1 јануари 2015 година до 10 октомври 2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 денари, за кој износ ја оштетиле Фудбалската федерација на Македонија. […]

Зеле пари од државата преку мерката плати за работниците, но не им ја исплатиле


Злоупотреби на добиените средства од финансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените откри анализата на Управата за јавни приходи преку која се спроведуваше владината мерка чија основа цел беше да се задржат што повеќе вработени на работните места. Станува збор за 281 работодавач во април кои не ја исполниле обврската за исплата […]

„Форин Полиси“: Изборните резултати во Северна Македонија се добра вест за ЕУ и САД


Доколку Балканот има успешна приказна, тоа веројатно е Македонија. Во 90-тите години на минатиот, земјата мирно се раздружи од Југославија. Во јуни 2018 година нејзиниот премиер Зоран Заев потпиша историски договор со соседна Грција за решавање на долгогодишниот спор за името Македонија. Ребрендираната „Северна Македонија“ беше наградена за тоа. Влезе во НАТО како 30-та членка […]

Од вкупниот број активни на вирусот, 45 отсто се во Скопје, речиси 10 отсто во Штип


Вирусот Ковид-19 е потврден кај уште 128 луѓе од направени 1025 тестирања во 24 часа. Вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата со нив достигна 10 213. Во вчерашниот здравствен билтен беа регистрирани и шест починати пациенти, на возраст од 48 до 82 години, 137 оздравени, а 4183 се во моментов болни. Од новопотврдените 128 […]

Европа загрижено го чека вториот бран на корона вирусот


Белгија најави дека е голема можноста за ново „целосно заклучување“, додека Шпанија и Франција известуваат за голем раст на нови инфекции   Европа се подготвува за втор бран на корона вирусот,  кога постојаните епидемии ја зголемуваат можноста за повторно да се наметнат ограничувања во време кога милиони луѓе патуваат низ целиот континент на своите летни […]

Таравари од протестот: Во влада со ДУИ речиси е невозможно


Во тек е протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса-Алтернатива во знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори. Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари рече дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години. Околу тоа […]

СЗО: Пандемијата се забрзува


Швајцарија– Пандемијата предизвикана од коронавирусот се интензивира во светот, бидејќи во последните шест недели бројот на заболени е речиси двојно зголемен, достигнувајќи 16 милиони, а бројот на умрени надмина 640 илјади, соопшти денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гербејесус. -СЗО има информации за речиси 16 милиони случаи на заразе4ни лица […]

Универзална сала станува парк со мала летна сцена


Град Скопје распиша конкурс за идејно-архитектонско решение за мала отворена летна сцена со парк, на местото на Универзална сала во Скопје. Според условите наведени во конкурсот, дизајнот треба да се одликува со функционалност и применливост, односно да се дизајнира простор кој во естетска смисла ќе стане препознатлив белег на градот, односно ќе го облагороди просторот […]

Од утре предвремена и етапна исплата на пензиите за јули


Исплатата на пензии за јули почнува од утре, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде додаваат и дека со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките […]

Бројот на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000, моментно 4.199 активни случаи


Дневниот број на новозаразени лица од Ковид-19 во земјава и натаму е троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани дури 152 нови случаи на КОВИД-19. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 10086, а има вкупно 4199 активни случаи. Бројот на оздравени од почетокот на епидемијата […]

ДУИ најави Албанска платформа


Откако не успеа идејата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да ги собере албанските партии на заедничка средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија, сега Бујар Османи вели дека тие дефинирале 5 столба за преговори меѓу партиите на Албанците. На предвремените парламентарни избори партиите на Албанците во Македонија […]

Белорусија: Три жени застанаа заедно против Лукашенко


Светлана Тихановска, Марија Колесникова и Вероника Цепкало се обединија за да го соборат од власт Александар Лукашенко на изборите на 9 август   Три жени ја водат главната опозициска кампања за претседателските избори следниот месец во Белорусија, трансформирајќи ја политиката на земјата додека се обидуваат да го соборат Александар Лукашенко, кој владее веќе 25 години. […]

Кензо Танге го замислувал Скопје како мост помеѓу хуманоста и иднината: Интервју со Јасминка Намичева, архитект


Лејла Сабит На денешен ден, пред 57 години, во 5 часот и 17 минути, земјотрес од 6.1 степен според Рихтер го срамни Скопје со земја. Загинаа 1.070 лица, повеќе од 4.000 беа повредени, околу 200.000 останаа без покрив над главата, 28.000 домови беа оштетени и нешто повеќе од 15.000 станови беа урнати. Први што им […]

Пет месеци Ковид-19 во земјава: вирусот потврден кај 9934 луѓе, од нив 460 починаа


По точно пет месеци откога во земјава беше регистриран првиот случај на КОВИД-19 – на 26 февруари кај жена која допатува од Италија, опасниот вирус досега е потврден кај 9934 луѓе. Од нив, излекувани се 5357, активно болни се 4117, а починаа 460 пациенти. Во овој месец беа негативните рекорди на заразени и починати од […]

Дојде крај на проблематичната пржинска влада


Техничките и дополнителните министри од ВМРО-ДПМНЕ , кои беа дел од таканаречената Пржинска влада, од денес си заминуваат. Останува само премиерот Оливер Спасовски за да обезбеди континуитет додека не се избере новата. Прв функцијата ја напушти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој денеска функцијата му ја предаде на Агим Нухиу, кој е старо – […]

Вирусот во Битола се шири со геометриска прогресија


Короната прави кластери во текстилна фабрика, комунално претпријатие, приватни фирми, меѓу медицински лица, невработени и пензионери   БИТОЛА – Со геометриска прогресија расте бројот на заразени од Ковид-19 во Битола, односно за многу кус период се удвои бројот на позитивни случаи. Само во последните две недели регистрирани се 42 нови случаи, што е 38,5 проценти […]

МСУ го има уметничкото богатство на солидарно Скопје: Интервју со Благојa Варошанец, виш кустос


Лејла Сабит -Донаторството како иницијатива за формирање на Музејот, од уметници од целиот свет почнуваат спонтано пост-земјотресот. Сепак, екот на донациите се случува помеѓу 1964 до 1985 година и во тој период во музејот пристигнале околу 3.000 дела, кои денес се дел од колекцијата. Свои дела донирале уметници кои ја создадоа модерната уметност, како што […]