Таравари од протестот: Во влада со ДУИ речиси е невозможно


Фото: Борис ГрдановскиFSo

Во тек е протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса-Алтернатива во знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари рече дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години. Околу тоа дали е можна коалиција со СДСМ и Беса, Таравари посочи дека се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ.

-Тоа е најтешко и не верувам да се случи, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата, посочи Таравари.