Скопје нема море, ама го има Вардар и фонтаните (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Скопје нема море ама го има Вардар. Не е проѕирен и син како морето, езерото или реката, често е заматен и со сомнителна кафена боја, ама во овие тропски горештини во Скопје ни е асоцијација на свежина, ни ги отргнува мислите од коронавирусот и од политиката.

Фото: Б. Грданоски

Одморот во Македонија стана мислена именка, иако го имавме највеќе годинава, за жал, заради пандемијата, чиј крај се уште не се гледа, и кај нас и во светот.

Фото: Б. Грданоски

Или имате пари, а немате каде да одите, или имате каде да одите, а немате пари. Туристичките места низ Македонија се полнат со туристи, не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, па не се осмелувате да тркнете ниту до Охрид, ниту до Струга, Дојран или Маврово. Здравјето е пред се!

Фото: Б. Грданоски

И што ни останува? Вардар таков или онаков, да се прошетате покрај Кејот, да гледате шоу со децата во фонтаните на скопскиот плоштад или да се освежите гледајќи ја фото-галеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски и да отпатувате со мислите на море. И така никој не ве прашува за бронзената боја, сите си имаат свое гајле.

Лето во Скопје и се е дозволено!

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски