Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно и натаму трицифрен, во Скопје 1.865 активни случаи

Фото: Б. Грданоски

Нови 102 нови случаи на Ковид-19 од 1.356 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа пет лица од Скопје, Кичево, Куманово, Прилеп и Штип. Регистрирани се 99 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 10.315,  бројот на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.

Од вкупниот број активни случаи – 4.181, во Скопје има 1.865, во Штип 419, во Куманово 294, во Тетово 270, во Гостивар 240, во Свети Николе 192, во Струга 191, во Дебар 124…

Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се девет, а вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца и два пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 пациенти, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од скопските општини активни случаи има во Чаир – 262, Аеродром – 205, Бутел – 128, Гази Баба – 193, Центар – 150, Карпош – 165, Сарај – 105, Кисела Вода – 179, Ѓорче Петров – 129, Студеничани – 92, Шуто Оризари – 125, Арачиново – 36, Илинден – 25, Петровец – 19, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 21 и Зелениково осум. Има и осум активни лица кои се странци, како и тројца кои се нераспределени.

Надлежните и натаму препорачуваат дека единствениот начин за излез од оваа здравствена криза се задолжителното носење маски и одржувањето физичка дистанца. Доколку се придржуваме до превентивните мерки, посочуваат, бројот на заболени од Ковид-19 ќе се намалува.