Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е!


Фото: Б. Грданоски

Со објава на Твитер, министерот за здравство Венко Филипче реагираше на загрижувачките информации дека на одморалиштата низ Македонија не се почитуваат мерките за заштита од ширењето на инфекција со вирусот ковид-19.

„Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност“,апелира министерот за здравство.