Британија со официјален владин документ: Карантинот предизвика смрт на илјадници луѓе


 

Карантинот уби илјадници луѓе кои не можеа да дојдат до медицинска помош или избегнуваа да одат во здравствени институции плашејќи се од заразата од новиот корона вирус, покажува официјален документ на британската влада.

Од корона вирусот, според официјалните податоци, починаа 46.000 луѓе во Велика Британија.Но, последиците од карантинот кој беше воведен како мерка за спречување на ширењето на епидемијата, исто така покажува драматични податоци сместени во документот на владината Национална советничка група за итни случаи.

Според тие податоци, на три смртни случаи од корона вирус, доаѓаат два предизвикани од последиците од карантинот.

До почетокот на мај, во Британија починале 16.000 луѓе кои не можеле да добијат соодветен лекарски третман, додека 6.000 починале затоа што не отишле на лекар од страв да не се заразат со корона вирус.

Податоците од Министерството за здравство и Националното статистичко биро покажуваат дека починале 10.000 луѓе кои се отпуштени од болница во текот на пандемијата.

Советничкото тело на британската влада прогнозира дека уште 26.000 луѓе може да го изгубат животот во наредните месеци поради мерката карантин како и поради рестрикциите во здравството.

Како позитивна страна на карантинот во документот се наведува дека благодарение на него сочувани се 2.500 животи кои би биле изгубени како последица од сообраќајна несреќа, загадување или други причини.