(Галерија) Белорусите излегоа на улиците против Лукашенко


Откако беа објавени држабните излезни анкети според кои претседателот Александар Лукашенко освоил 79,7 отсто од гласовите, а неговиот главен ривал Светлана Тихановска само 6,8 проценти десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Минск и други градови на Белорусија за да протестираат против наместените избори. Властите им се спротивставија со илјадници полицајци од специјалните сили. Тие користеа  водени топови, солзавец и зашеметувачки гранати за разбивање на протестите.

Има многу повредени лица, уапсени се повеќе новинарски екипи. Централната изборна комисија уште не ги објавува резултатите, освен податокот дека излезноста била 84 отсто.