Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 3 мај 2026 година, 123-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  242 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 27 минути, а ќе зајде во 19 часот и 35 минути. Денов трае 14 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Блант и Тучи од „Ѓаволот носи Прада“ со ѕвезди на Холивудската патека на славните


Честитки, Емили Блант и Стенли Тучи! Омилените колеги од „Ѓаволот носи Прада“ и роднините од реалниот живот беа почестени со ѕвезди на Холивудската патека на славните во четврток, станувајќи 2841-та и 2842-ра позната личност што добиле такво признание. Блант и Тучи заедно се качија на подиумот и ја изразија својата благодарност за честа. „Многу е […]

Од денес слободно движење меѓу Косово и Албанија


Тирана – Денеска стапи во сила договорот за слободно движење меѓу Косово и Албанија, кој им овозможува на граѓаните на двете земји да ја преминуваат границата без пасош или лична карта поголемиот дел од годината.   -Врз основа на овој договор, граничните контроли нема да се вршат за косовските и албанските возила, овозможувајќи брзо и неограничено […]

Наводно проштално писмо на Епштајн запечатено во судско досие


Њујорк – Наводно проштално писмо на американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, чија смрт во 2019 година и натаму предизвикува бројни контроверзии, со години се наоѓа запечатено во судско досие во Њујорк, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, документот го открил поранешниот цимер на Епстин во затворската ќелија, Николас Тартаљоне, кој подоцна бил осуден […]

Трамп одбива да носи панцир и покрај обидите за атентат: Не сакам да изгледам 20 килограми потежок


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одбил предлог да носи заштитен елек (панцир), и покрај повеќекратните обиди за атентат врз него, иако потврди дека му било препорачано такво нешто. – Не знам дали би можел да поднесам да изгледам 20 килограми потежок – рече Трамп, одговарајќи на новинарско прашање. Тој додаде дека е […]

Евростат: Словенија со една од најниските стапки на сиромаштија во ЕУ


Љубљана – Словенија и минатата година остана меѓу земјите на Европската Унија со најнизок ризик од сиромаштија или социјална исклученост, со 15,5 проценти од населението во таа категорија, што е намалување за 0,1 процентен поен во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Евростат. На ниво на ЕУ, вкупно 92,7 милиони луѓе, односно 20,9 проценти од […]

За агресори нема настап на Венециско биеналe и на Евросонг


Наместо да водат културен и музички дијалог, две од најпрестижните и навлијателни културни  настани во светот избраа да бојкотираат во името на  мирот, ненасилството и жртвите. Уметничкото биенале во Венеција и Евросонг во Виена пред нивниот официјален старт. Првиот, заради враќањето на Русија на Биеналето, а вториот заради учеството на Израел. Овие случувања од морални […]

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го претстави новиот дрес на македонската репрезентација со логото на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“. Новиот дизајн, како што е соопштено, е специјално персонализиран за македонскиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и Адидас, а во рамки на програмата на УЕФА за помош на националните асоцијации […]

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа


Во изминатите 24 часа, вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на граничниот премин „Богородица“ на пат кон Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи. До 10 часот утринава се регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои оствариле излез од овој граничен премин, а останатите 11. 000 се државјани на други земји.  Застој на граничните премини […]

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина


Брисел – Белгија донесе одлука да се приклучи кон Специјалниот трибунал за агресијата на Русија врз Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на соопштение на белгиското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа „Икс“. „Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина“, соопшти Министерството. Оттаму посочуваат дека Трибуналот е формиран во рамките на […]

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство


Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода Б.К. (44) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „измама“. Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на […]

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците


Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците. Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест, се наведува во соопштението од СДСМ. „Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, […]

Најстудено на Попова Шапка -5 степени, најтопло во Гевгелија и Куманово +6


Утринава најниски температури се измерени на Попова Шапка -5 степени Целзиусови и во Маврови Анови -1 степен, додека во повеќе градови низ земјата температурите се движеа околу нулата. Највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во […]

Трамп укинува дел од царините за шкотското виски по средбата со Чарлс Трети


Вашингтон – Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека укинува одредени царини за шкотското виски по посетата на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила на Белата куќа оваа недела. „Кралот и кралицата ме натераа да направам нешто што никој друг не успеал, и тоа речиси без да побараат!“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Американскиот […]

Омерагиќ од Конгресот на ФИФА: Активно учествуваме во одлуките за светскиот фудбал


Висока делегација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводена од претседателот Масар Омерагиќ учествува денеска на 76. редовен Конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во канадскиот град Ванкувер. Во објава на социјалните мрежи, Омерагиќ посочи дека македонската делегација, во чиј состав се и генералниот секретар Леонид Јандреоски и спортскиот директор Горан Пандев, активно учествува во […]

Инфантино го покани Палестинецот да се ракува со Израелецот. Погледнете што се случи


Ванкувер – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зборуваше за низа теми на Конгресот на Светската фудбалска федерација во Ванкувер, вклучувајќи ја и потврдата дека Иран ќе учествува на Светското првенство, кое започнува за месец и половина. Сепак, неговиот говор беше засенет од еден непријатен инцидент што се случи на сцената. Неуспешен повик за единство Инфантино […]

Истекува рокот што му дава на Трамп 60 дена да започне војна без одобрение од Конгресот


Закон од времето на Виетнамската војна што ги ограничува воените дејствија на претседателот на 60 дена, по што тој мора да побара одобрение од Конгресот за продолжување на непријателствата, истекува денес. Според Законот за воени овластувања од 1973 година, претседателите имаат 60 дена да започнат војна како одговор на непосредна закана или напад врз Соединетите […]

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките […]

Трамп ќе ги повлекува и американските трупи од Италија и Шпанија?


Вашингтон –Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска […]