ROOFTOP OPEN AIR CINEMA се враќа: Летната филмска магија повторно на покривот на Скопје Сити мол
По успешната минатогодишна сезона, кога повеќе од 10.000 посетители уживаа во филмови под отворено небо, ROOFTOP OPEN AIR CINEMA повторно се враќа на покривот на Skopje City Mall, носејќи уште едно незаборавно филмско лето во организација на Cineplexx и Skopje City Mall.
Новата сезона започнува на 3 јули со спектакуларната проекција на епскиот филм „Troy“ (2004), остварување кое и повеќе од две децении по својата премиера останува едно од највпечатливите историски филмски искуства на големото платно.
Во текот на целото лето, публиката ќе може да ужива во внимателно одбрана филмска програма секоја среда, петок и сабота, со почеток во 20:30 часот, во уникатниот амбиент на најубавиот rooftop во градот.
Минатогодишното издание на ROOFTOP OPEN AIR CINEMA донесе бројни незаборавни моменти. Покрај повеќе од 10.000 посетители, беше одбележана и првата јавна проекција, како и 20-годишнината на култниот македонски филм „Бал-Кан-Кан“, настан што собра голем број љубители на домашната кинематографија и дел од филмската екипа.
И оваа година програмата ќе понуди посебни филмски настани. Еден од нив ќе биде и прославата на 10-годишнината од филмот „Џган“, со специјална проекција посветена на овој значаен македонски филм.
Билетите ќе бидат достапни онлајн како и на билетарниците во киното.
ROOFTOP OPEN AIR CINEMA е заеднички проект на Skopje City Mall и Cineplexx, реализиран со поддршка од бројни спонзори .
(Комерцијален текст)