Еве кога доаѓа Леа Ипи во Скопје – ексклузивен преднастан на „Букстар“


„Антолог“ како организатор на Фестивалот на европска култура „Букстар“ го соопшти датумот на доаѓањето во Скопје на албанската авторка Леа Ипи, една од најважните мислители на модерното време.

Во августовскиот преднастан на 12-издание на BOOKSTAR таа ќе зборува за својот литературен успех, личната историја, историјата како концепт на едно општество и што значи слободата – бидејќи годинава и слоганот ни е во таа насока: FREE AT LeAST!




„Жена која не се плаши да го сподели своето мислење, носејќи го Балканот и нејзиното детство на овие простори како уникатен беџ низ животот, но и низ творештвото. Прогласена за една од десетте најважни мислители на модерното време, авторката на „Слобода“, моќно мемоарско дело во кое се истражува сложената и бурна патека на растењето и созревањето во посткомунистичка Албанија“, велат од „Антолог“. 

Присуството на Леа Ипи е овозможено со поддршка на Комерцијална банка А.Д. Скопје и Министерството за култура и туризам.

Годината што би можела да биде