Ракометарите на „Вардар“ се враќаат во Лигата на шампионите
Виена – Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза.
Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи.
Во првиот „шешир“ се наоѓаат првите фаворити: Алборг, Барселона (европски првак), Нант, Магдебург, Веспрем и Спортинг.
Во вториот „шешир“ се: Монпеље, ПСЖ, Берлин, Мелсунген, ПИК Сегед и Киелце.
Третиот „шешир“ го сочинуваат: Загреб, ГОГ Гудме, Колштад, Висла, Порто и Динамо Букурешт.
Извлекувањето ќе се одржи во седиштето на ЕХФ во Виена.