Отворени спортските терени на кејот во Маџир Маало


Денеска пуштени се во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, место кое повторно се враќа на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење.      –Денес, овој дел од градот добива нова димензија – функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации.  Реконструирани се терените …

Отворени спортските терени на кејот во Маџир Маало Read More »

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, се обрати на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity“ (Нови можности за поврзување). Во своето обраќање, информираат од Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), Муцунски …

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност Read More »

Ново влошување на ситуацијата: Иран повторно го блокираше Ормускиот Теснец


Здружената воена команда на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) издаде соопштение во кое тврди дека контролата врз Ормускиот Tеснец сега „се вратила во претходната состојба“, бидејќи Американците изјавија дека нивниот потег за деблокирање на теснецот нема да значи крај на американската блокада на иранските пристаништа. Во соопштението објавено од иранската радио-телевизиска станица ИРИБ, командата …

Ново влошување на ситуацијата: Иран повторно го блокираше Ормускиот Теснец Read More »

Ковентри се врати во Премиер лигата по пауза од 25 години


 Фудбалерите на Ковентри го завршија своето 25-годишно отсуство од Премиер лигата, откако ремизираа 1-1 на гости против Блекбурн и обезбедија синоќа промоција на шест кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата. Враќањето во Премиер лигата фудбалерите на Ковентри го прославија синоќа на „Ивуд парк“ заедно со 7.000 гостински навивачи. Ковентри, предводен од Френк Лампард, …

Ковентри се врати во Премиер лигата по пауза од 25 години Read More »

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта


Администрацијата на Трамп во вторникот го продолжила за еден месец исклучокот од забраната за купување санкционирана руска нафта и нафтени производи натоварени на бродови на море, во обид да го ограничи порастот на глобалните цени на енергијата кои достигнаа рекордни максимуми за време на американско-израелската војна против Иран, објавија британските медиуми. Американското Министерство за финансии …

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта Read More »

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката


Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. …

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката Read More »

Жичницата на Водно и денес вон функција


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се …

Жичницата на Водно и денес вон функција Read More »

Во судирот на пет возила во Ѓорче Петров повредени 10 млади лица


Ужасна сообраќајна несреќа, во која учествуваат повеќе возила, се случи доцна синоќа во скопската населба Ѓорче Петров. Се судрија повеќе автомобили. На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека е предизвикана сериозна материјална штета. Сведоци тврдат дека силата на ударот била толку силна што звучела како експлозија.   Тешко повреден е 19-годишниот возач …

Во судирот на пет возила во Ѓорче Петров повредени 10 млади лица Read More »

СДСМ тврди дека приватна разузнавачка компанија работи против нив по наредба на Мицкоски


СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ангажирале странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и фабрикување афери. Според партијата, станува збор за израелската компанија „Блек кјуб“, која ја опишуваат како „приватен Мосад“ и која, како што наведуваат, е позната по активности како собирање информации, следење и спроведување операции насочени кон политички противници. …

СДСМ тврди дека приватна разузнавачка компанија работи против нив по наредба на Мицкоски Read More »

Американската војска ги предаде сите главни бази во Сирија


Американската војска го заврши предавањето на сите главни бази во Сирија, потврди во петок Централната команда на САД (CENTCOM). Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат партнерските напори за борба против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM како одговор на барањето за коментар. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на …

Американската војска ги предаде сите главни бази во Сирија Read More »

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина од Британците се за повторно влегување во ЕУ


Поддршката за повторно приклучување кон Европската Унија, не само кон единствениот пазар, расте меѓу британските гласачи, при што повеќе од 80 проценти од гласачите на Лабуристичката партија, Либерално-демократската партија и Зелените ја поддржуваат оваа опција, покажува анкета за ставовите на гласачите десет години по референдумот за Брегзит. Експертите предупредуваат дека „резервираниот“ пристап на Лабуристичката партија …

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина од Британците се за повторно влегување во ЕУ Read More »

Политички пресврт во Словенија: Јанша ја презема власта?


Три недели откако Словенците излегоа на гласање, се чини дека добија одговор на основното прашање – веројатно е дека следната влада, по четврти пат, ќе ја формираат Јанез Јанша и неговата Словенечка демократска партија (СДС). Вчера, лидерот на демократите, Анже Логар, објави дека ги прекинува коалициските преговори со партијата Движење за слобода на поранешниот премиер …

Политички пресврт во Словенија: Јанша ја презема власта? Read More »

Протести пред зградата на Владата во Тирана, демонстрантите фрлаа молотови коктели


Синоќешните протести на опозицијата во Тирана пред зградата на Владата на Албанија се претворија во инциденти, откако некои демонстранти фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства кон зградата. Ескалацијата се случи по говорот на лидерот на опозициската Демократска партија на Албанија, Сали Бериша, кој рече дека партијата е „единствената надеж за спасување на земјата“ и ја …

Протести пред зградата на Владата во Тирана, демонстрантите фрлаа молотови коктели Read More »

„Инструментите на моите предци“ – натпревар на изворни и класични инструменти во ЈУ Детски културен центар – Карпош


 Натпревар на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ ќе се одржи денеска ЈУ Детски културен центар – Карпош, со поддршка на Град Скопје.  Македонските традиционални инструменти се клучни за богатата музичка култура, вклучувајќи дувачки инструменти како кавал, гајда, зурла и дудук, како и жичени инструменти како тамбура, ќемане и гусла. Тие се често …

„Инструментите на моите предци“ – натпревар на изворни и класични инструменти во ЈУ Детски културен центар – Карпош Read More »

Олимписки пикник за здрави животни навики


 Олимпискиот комитет на Северна Македонија денеска од 12 до 16 часот кај тениските терени во рамки на Спортскиот центар во Скопје, ќе организира „Олимписки пикник“, посветен на промоција на олимпизмот, здравите животни навики и меѓународното пријателство. Како што информираат од Олимпискиот комитет, пикникот е замислен како неформално дружење на отворено, со пријатна атмосфера, музика, освежување …

Олимписки пикник за здрави животни навики Read More »

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните …

Сончево со мала до умерена облачност Read More »

Три земји од ЕУ бараат раскинување на договорот со Израел: „Ги кршат човековите права“


Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни работи на трите земји испратија заедничко писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас. Во писмото тие бараат итна ревизија …

Три земји од ЕУ бараат раскинување на договорот со Израел: „Ги кршат човековите права“ Read More »

Топлото време ги измами влекачите – внимавајте кога одите на Водно


Со порастот на температурите, се зголемува и активноста на влекачите, особено на планинските и шумските подрачја. Попладнево, на социјалните мрежи беше споделена објава за забележана змија на Водно, за која според коментарите станува збор за поскок. Според објавата, змијата била забележана на патеката од ресторанот „Два Елена“, во близина на капијата кај претседателската вила. „Личи …

Топлото време ги измами влекачите – внимавајте кога одите на Водно Read More »

Би пробале сладолед од ракови?


Последното место каде што би можеле да очекувате да најдете варен рак е во сладолед, но токму тоа го нуди една продавница за сладолед во Хјустон, Тексас, за време на врвот на сезоната на ракови напролет. Ники Нго, сопственичка на Red Circle Ice Cream, изјави за Reuters дека почнала да служи сладолед од рак во …

Би пробале сладолед од ракови? Read More »

Со новите законски измени, пензионирани лекари и сестри ќе можат да продолжат да работат до 70 години


Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше во посета на Општата болница со проширена дејност во Дебар, изјави дека со измените на законот, кои се во владина процедура, пензионираните лекари и медицински сестри ќе може да продолжат да работат и по пензионирањето односно до 70-годишна возраст. Според него, еден од проблемите што ги детектирале …

Со новите законски измени, пензионирани лекари и сестри ќе можат да продолжат да работат до 70 години Read More »