Демант од АХВ: Кравите од Крива Паланка се соодветно згрижени
Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најосто ги демантира изнесените невистини во објавениот текст на интернет порталот „Инфомакс“ дека заловените крави од Крива Паланка умираат од глад и во нехумани услови?.
Како институција задолжена и за контрола на здравствената заштита на животните и нивната благосостојба, најостро го осудуваме обидот за дезинформирање на јавноста со објавување на сензационалистички текстови кои не соодветствуваат со реалноста.
Згрижените животни пред отуѓувањето се соодветно третирани од здравствен и од аспект на нивната благосостојба, водејќи сметка на навремено и во доволни количини обезбедување на нивните основни потреби за живот. Најодговорно тврдиме дека изнесените ставови се неточни и пласирани во јавноста со намера да и се наштети на угледот на единствената институција која прави напори за решавање на деценискиот проблем со говедата во Крива Паланка.
Постапката за отѓување на заловените говеда е завршена на 5 овој месец преку спроведена аукција на Министерството за финансии. Во наредниот период продолжуваат активностите на АХВ за заловување на преостанатите животни во Крива Паланка кои ќе бидат отуѓени на истиот принцип.