Деветгодишно дете на електричен тротинет тешко повредено во судир со автомобил


Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во скопски Сарај. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски […]

Од недела ЕУ воведува задолжително етикетирање на содржината генерирана од вештачка интелигенција


Од 2 август, во Европската Унија ќе почнат да се применуваат нови правила за транспарентност на вештачката интелигенција, како дел од Европскиот закон за вештачка интелигенција (AI Act). Целта е корисниците веднаш да можат да препознаат дали комуницираат со вештачка интелигенција или гледаат содржина генерирана од вештачка интелигенција. Компаниите ќе мора јасно да ги етикетираат […]

Само Македонија од регионот работи на реформи, вели Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски утринава имал онлајн работен состанок со директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман посветен на Реформската агенда. „Ние сме единствена земја од регионот којашто работи за реформите до декември, барем така тие го кажаа. Ние остануваме посветени на таа испорака. Ќе направиме сѐ […]

Гаши го тргна од дневен ред контроверзниот закон за „Скопје – престолнина на културата“


  Законот за Скопје – европска престолнина на културата 2028 година нема да се најде на дневниот ред на денешната 119. собраниска седница. Ова е компромисот кој на вонредната координација на претседателот на Собранието Африм Гаши и шефовите на пратеничките групи е договорен откако претходно опозицијата со процедурални забелешки не дозволи да се утврди дневниот […]

Цената на нафтата скокна на над 87 долари по новите конфликти меѓу САД и Иран


Новите конфликти меѓу Соединетите Американски Држави и Иран го поттикнаа порастот на цените на нафтата на 87 долари за барел, европските берзански индекси се во позитива, додека пазарите ја чекаат одлуката на американските Федерални резерви за каматните стапки, како и извештаите за заработката на големите технолошки компании Мајкрософт, Мета и Квалком. Цената на северноморската нафта […]

Бесник Џемаили избран за заменик-претседател на ДКСК


Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Бесник Џемаили, е избран за заменик-претседател на ДКСК, функција што ќе ја врши шест месеци. Изборот на заменик-претседател на ДКСК е извршен по принцип на ротација, а редоследот е утврден според азбучен ред на презимињата на членовите на ДКСК, појасни претседателот Адем Чучуљ. – Мандатот на […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека имало неисправна вода за пиење додека бил министер


  Речиси 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДСМ е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните, рече денеска на прес-конференција пратеникот од владејачката партија, Никола Мицевски. Тој […]

ЕУ сака нова генерација технолошки гиганти. Им дава пристап на стартапите до најсовремена опрема


Европската комисија усвои нова доброволна повелба која треба да им овозможи на стартапите и малите и средни претпријатија да тестираат производи во водечките европски лаборатории. Целта е да се скрати времето потребно за иновациите да стигнат до пазарот и да им се олесни на компаниите да ги користат врвните истражувачки капацитети, објави Комисијата во среда. […]

Околу 60 студенти од следниот месец на пракса во матичните општини


Околу 60 студенти во текот на следните два месеца ќе имаат можност да стекнат практично искуство во своите матични општини. Станува збор за проект што го реализира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) во соработка со Министерството за локална самоуправа. Околу 40 општини пројавиле интерес за проектот, а потпишувањето на договорите ќе се […]

Раде Шербеџија наполни 80 години: Легендата најдобро создава легенди


Легендарниот филмски, телевизиски и театарски актер, поет и музичар кој, преку својата богата креативност, остави неизбришлив белег на регионалната и светската сцена, Раде Шербеџија, наполни 80 години. Многу негови соработници, пријатели и колеги, преку социјалните мрежи му го честитаа роденденот, а нам ни се допадна ФБ постот на писателот Стефан Симиќ, кој ви го пренесуваме […]

Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик


Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни […]

Тројца загинаа во експлозија во трговски центар по земјотресот во Јапонија, видете го гестот на претседателот на компанијата


Претседателот на јапонската компанија „Еон“ Акио Јошида јавно се извини откако во експлозија во еден од трговските центри на компанијата во префектурата Кумамото загинаа тројца вработени, додека неколку други сè уште се водат како исчезнати.     Експлозијата се случи во вторник, околу 50 минути откако силен земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди […]

Хрватска и Словенија ги очекуваат температури до 42° степени


  Хридометеоролошкиот завод на Хрватска за денеска очекува температури до 35°Ц, а тие ќе се искачат на 37°Ц веќе утре. Во соопштението за медиумите се вели дека во наредните денови, под влијание на гранката на антициклонот над поголемиот дел од југозападна и централна Европа, ќе остане многу топол и сув воздух. Затоа, ќе биде топло […]

Водата од локалните чешми во Белотино и Рич не е здравствено исправна


Водата од локалните чешми во струмичките села Белотино и Рич не е здравствено исправна за пиење поради присуство на бактерии што укажуваат на фекално загадување, покажале анализите на Центарот за јавно здравје – Струмица. Во Белотино бил испитан примерок земен од чешмата кај црквата, додека во Рич водата била земена од чешмата во центарот на […]

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“


Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Телеком договорија соработка по што големата спортска сала е ребрендирана во „Т Арена“. Целиот Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доби нов изглед со препознатливата магента боја на „Т“ брендот. – Ова е убав момент за нас СЦ „Борис Трајковски“ и за Македонски Телеком кој повторно е застапен овде во Арената. Покрај […]

„Шлаканица“ за Инфантино и револуцијата: По Европа и Азија ја отфрла продажбата на Светското првенство


Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, се соочува со нов, исклучително тежок удар врз своите амбициозни планови. Откако Европа претходно изрази силно противење, сега и Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) јавно ги отфрли контроверзните предлози од Цирих. Ова вклучува формирање на нов проект наречен „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), кој фудбалската јавност и многу федерации […]

Рускиот „Амазон“ бара финансиска помош од државата по нападите на украинските дронови


  Рускиот „Амазон“ – компанијата „Вајлдберис“ апелираше до руските власти за поддршка по нападите на украински дронови врз нејзините логистички центри, кои ги погодија магацините на компанијата во 10 градови и резултираа со губење на стока во вредност од стотици милијарди рубли. Ројтерс известува, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, дека сопственичката на „Вајлдберис“, […]

Обид за атентат. Директор на компанија за дронови застрелан во Русија


Директорот на руска компанија за развој на дронови денес беше хоспитализиран во Тула по вооружен напад кој се третира како обид за атентат. Андреј Черезов, раководителот на компанијата, беше нападнат во градот кој се наоѓа на 190 километри јужно од Москва, објавија руските медиуми. Детали за нападот Рускиот портал за криминалистички вести „Маш“ објави дека […]

Пратеникот Исмаил: Орце се прогласи за Папа на културата!


  Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил го нападна денес предлог-законот  што по скратена постапка дојде во Собранието а се однесува на проектот „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“. „Денеска во Собрание по итна постапка ни пуштија Предлог-закон за Скопје град на културата 2028. Не знам од каде да почнам, настрана номотехниката, печатните […]

Полициjaта спаси две девојки однесени од ветрот и струите во Охридското Езеро


Две млади охриѓанки беа спасени од полициски службеници откако силен ветер и големи бранови ги оддалечиле од брегот на Охридското Езеро додека пловеле со СУП даски. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро. Според пријавата, две лица кои се наоѓале […]