Деветгодишно дете на електричен тротинет тешко повредено во судир со автомобил
Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во скопски Сарај.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од селото Арнакија, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село.
Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. објави Скопје1.мк