Две млади жени и 55-годишен маж се тепале во кафеана во скопски Аеродром


Две жени и 55-годишно лице физички се пресметале во кафеана во скопски Аеродром. Инцидентот се случила вчера пред полноќ.

– На 26.07.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(25) и Ф.М.(23), двете од село Кадино, скопско, од една страна и Г.М.(55) од Скопје, од друга страна, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.