Двајца пожарникари загинаа за време на гаснење пожар на грчкиот остров Крит


Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со […]

„63/63“ на Џепароски и Алушевски- силен омаж на скопскиот земјотрес (фото)


Врвната поезија и лично доживеаната фотографија, синоќа се сретнаа на автентичната промоција во Сули ан, во рамки на „Скопско лето,  посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година .     Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата […]

Левица за Мери Дика Георгиевска: Од „Рекет“ до уставен судија


Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, […]

Министерот Сулејмани се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со ЕУ во областа на кулурното наследство  и туризмот


Новиот министер за култура и туризам, Седат Сулејмани,  оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Во фокусот на разговорите беа зачувување на наследството на УНЕСКО, создавање нови можности за Преспанскиот регион и поддршка на Скопје како Европска престолнина на културата 2028. Соговорниците разговараа  и за натамошното унапредување на соработката […]

Црногорскиот ќе биде официјален јазик во ЕУ, на латиница, а не на кирилица


  ЕУ вработува службеници што зборуваат црногорски додека земјата брза кон членство – започнувајќи ја практичната работа потребна за да стане 25-ти официјален јазик на блокот, пишува „Политико“. Правната служба на Советот на ЕУ бара асистенти кои ќе помогнат во изготвувањето на договорот за пристапување на земјата – правилата според кои се приклучува кон блокот […]

Владејачкото мнозинство ја избра Мери Дика за уставен судија


  Собранието денеска ја избра Мери Дика-Георгиевска за уставен судија со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.По изборот, Мери Дика-Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд. Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил […]

Германија ја зафаќа топлотен бран со температури до 39 степени


Се очекува температурите во одделни делови на Германија утре да пораснат до 39 степени Целзиусови, во рамките на најновиот топлотен бран што ја погоди Европа. Како што пренесе ДПА, се очекува утре да биде најтоплиот ден од актуелниот топлотен бран, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (DWD). Температурите ќе се движат од 26 до 31 степен […]

Концерт на „Ареа“ на Антички в петок


Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок)  во 21 часот ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026. Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот […]

Народна банка: Макроекономските показатели се во согласност со проекциите


Советот на Народната банка (НБ) го усвои кварталниот извештај според кој, најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции.  Во извештајот, соопшти денеска НБ, се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на […]

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство


Земјите членки на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе одржат итен состанок подоцна оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство. […]

Левица: Врие непотизам во МНР – Муцунски бира амбасадори според блискост до челниците на ДПМНЕ


Сè поочигледно е очајното кадрирање при избирањето македонски дипломатски претставници низ светот. Иако Министерот за надворешни работи Муцунски на сите гласила и медиуми се фали со наводна дипломатска офанзива и професионализација на кадрите во МНР и дипломатско-конзуларните претставништва, понудените кадровски решенија сепак не ветуваат многу, се вели во соопоштението на Левица. „Нов амбасадор во Австралија […]

За 22,5 милиони евра Кичево може да добие нова болница


Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со […]

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје


Групацијата Лимакго назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје.  Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Турција, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија. Санџак […]

„Добиваме помош од Бога“: Лавров тврди дека имало божествена интервенција за Путин да стане претседател


  Владимир Путин дојде на власт со Русија благодарение на божествена интервенција, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. „Фактот дека Борис Николаевич Елцин, искрено кажано, пронајде храброст рано да ја предаде власта и фактот дека ја предаде власта на единствената личност во тоа време која можеше да ја зачува Русија – тоа е историски […]

Уште 10 училници и спортска сала добива ООУ „Блаже Конески“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, каде што се реализира втората фаза од еден од најзначајните капитални проекти во областа на образованието во Општина Аеродром. Градежните активности се одвиваат според предвидената динамика, а со реализацијата на проектот Аеродром ќе го добие едно од […]

Водата од изворите во Елшани и Велестово не е за пиење – има бактерии


По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење, информираат од Општина Охрид. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и […]

Руската пропаганда “заринка“


Во првите месеци од целосната инвазија на Украина, Русија се гордееше со високиот квалитет на својата пропаганда. Дури и нејзините непријатели и разни аналитичари беа принудени да признаат дека ова е еден од ретките висококвалитетни производи што ги произведуваше земјата. Четири години подоцна, нешто се расипа. Како префрлањето на економијата во воена состојба да ја […]

Гори меѓу Фетије и Анталија – затворен автопатот (Видео)


Шумски пожар што избувна во турската покраина Мугла предизвика евакуација на населението и ги принуди властите да го затворат автопатот помеѓу Фетије и Анталија поради густ чад што се ширеше низ областа. Пожарот избувнал наутро на земјоделско земјиште во округот Сејдикемер, а силните ветрови набрзо го прошириле на блиската шумска област. Во гаснењето учествуваат речиси […]

Премиерот очекува намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата


Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државата и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност.  – Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за „Брентот“ се […]

Мицкоски објави зошто водата во Гостивар не е уште за пиење – имало нова бактерија во инсталациите


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево откри зошто водата во Гостивар не е сѐ уште за пиење, туку може да се користи само за техничка употреба – имало резидуелна бактерија во инсталациите. „И уште некое време таа вода така ќе остане. Сега веќе во инсталацијата ги нема оние фекални колиморфни бактерии како што се […]