Министерот Сулејмани се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со ЕУ во областа на кулурното наследство и туризмот
Новиот министер за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас.
Во фокусот на разговорите беа зачувување на наследството на УНЕСКО, создавање нови можности за Преспанскиот регион и поддршка на Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Соговорниците разговараа и за натамошното унапредување на соработката со Европската Унија во областа на културното наследство и туризмот.
На средбата беше потврдена заедничката определба за одговорно користење на расположливите европски фондови и за навремено исполнување на преземените обврски.