ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека имало неисправна вода за пиење додека бил министер
Речиси 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДСМ е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и тогашната власт не само што не преземала ништо за тоа, туку и го сокрила овој податок од граѓаните, рече денеска на прес-конференција пратеникот од владејачката партија, Никола Мицевски.
Тој прочита неколку слуачи кои се главно во села:
На 19.05.2021 година, испитувањата за водата на Водостопанство Лисиче во Велес, не одговарале согласно правилникот за безбедност и квалитет на водата.
На 22.06.2021 година, испитувањата за водата во локален водовод во село Нивичани, Кочани, исто така, не одговарале согласно правилникот за безбедност и квалитет на водата.
На ден 20.07.2021 година испитувањата за водата во Пештани, Охрид, не одговарале на правилникот и решение за забрана од 23.07.2021 година.
На 10.11.2021 година во чешма во училиштетот „Страшо Пинџур“, село Уларци, Чешиново, водата не била согласно законските прописи.
Водата во Здравствениот дом Делчево на 11.01.2022 година не била за пиење.
Мицевски тврди дека за сите овие случаи јавноста не била информирана, а болниците полни со пациенти. Тој побара обвинителството да постапува по овие податоци.