SPAR го отвори првиот INTERSPAR маркет во Македонија, ќе инвестира 45 милиони евра во следните три години


Со официјален настан одржан вечерва, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на бул. Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар. На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR […]

Педијатар во Германија обвинет за сексуална злоупотреба во 130 случаи


Педијатар вработен во болница во близина на Берлин е обвинет за вкупно 130 случаи на сексуални престапи, од кои поголемиот дел биле извршени во рамки на самата болничка установа, соопшти денеска германското обвинителство. Размерите на злосторствата, кои вклучуваат тешка сексуална злоупотреба на деца и силување, претходно не беа познати во целост. Педијатарот се наоѓа во […]

Русија распиша потерница по поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас


Русија го вклучи поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас на листата на барани лица во врска со неодредена кривична истрага, објавија денеска руските државни медиуми, повикувајќи се на базата на податоци на Министерството за внатрешни работи. Валас ја извршуваше функцијата министер за одбрана на Велика Британија до август 2023 година. Оттогаш, тој продолжи гласно […]

Народниот правобранител минатата година разгледал 2.921 предмет


Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството […]

Дали Кан станува повреден за луксузните брендови од Модните недели?


Кан – Во ерата на намалување на вниманието и фидови водени со алгоритми, дали Канскиот филмски фестивал станува повреден за луксузните брендови – или помалку? За раководителите во модата, убавината и медиумската аналитика, поротата уште не одлучила. Иако останува еден од најмоќните мотори за видливост на луксузот, тој исто така стана и најзаситен. Според податоците […]

Голема антитерористичка акција во Турција: Приведени 324 лица осомничени за врски со Исламска држава


Турските власти приведоа 324 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ во голема операција спроведена низ целата земја, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека апсењата биле извршени во 47 провинции, а меѓу приведените има лица осомничени за финансирање на ИД, како и поединци за кои се смета […]

Заловеното животно е волк – но без инстинкти и не може да преживее во дивина


Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на […]

Руте го претстави НАТО 3.0


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес го опиша „НАТО 3.0“ како визија за „посилна Европа во посилно НАТО“, нагласувајќи дека трансатлантската алијанса останува закотвена во соработка со Соединетите Американски Држави, а во исто време ги охрабрува европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената конвенционална одбрана, објави Анадолу. Зборувајќи по состанокот на Букурешката деветка […]

Стареењето на населението го менува европскиот пазар на труд, вештачката интелигенција е можно решение


 Стареењето на населението го менува европскиот пазар на труд, а вештачката интелигенција (ВИ) би можела да помогне во ублажување на негативните последици, се наведува во денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Во анализата на ЕЦБ се посочува дека во последните години растот на вработеноста и приливот на странски работници ѝ помогнале на европската […]

Министерство за култура: Исплатени се средствата за самостојните уметници


Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени  средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден  ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето настана поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со  важечките законски и финансиски прописи. […]

Неџат Курт: ТАВ Македонија остава траен белег за подобро утре за пациентите на ГОБ „8 Септември“


Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, денеска по повод реконструцијата и модернизацијата на ГОБ „8 Септември“, изјави дека како финансиски инвеститор на овој проект, ТАВ Македонија остава траен белег за подобро утре за пациентите на Градската општа болница „8 Септември“. Зборувајќи пред присутните тој рече дека пред многу години, бил пациент токму во оваа […]

И министерот Филков бара да биде преиспитана одлуката за мазутот


  По премиерот и министерот за правда побара да се преиспита одлуката на обвинителството за прекинување на истрагата во случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ поради недостиг на докази. Споре Игор Филков, „одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога […]

Муцунски: Не можеме да победиме со големина, но можеме со знаење


 Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со […]

Трамп ги однесе раководителите на најмоќните американски компании во Кина. Еве го списокот


Американскиот претседател Доналд Трамп е придружуван на патувањето во Кина оваа недела од бројни извршни директори на американски компании, од технолошки гиганти до земјоделство и авијација. Трамп денес пристигна во Пекинг на состанок со претседателот Си Џинпинг, а се очекува двајцата лидери да разговараат за трговијата и вештачката интелигенција, покрај Иран. Списокот на некои од […]

Помошта од дијаспората не е само со пари


Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија2026, што завршува попладнево во Скопје. -На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е […]

Заловените крави од Крива Паланка умираат од глад и во нехумани услови?


Не завршува приказната со познатите „крави од Крива Паланка“ кои веќе со години се проблем со кој државата никако да се справи, пишува „Инфомакс“. Откако 81 животно беа заловени во Крива Паланка од страна на Агенцијата за храна и ветеринсрство, како надлежен државен орган задолжен за хуман третман на животните, во јавноста беа споделени информации […]

СДСМ: Скандалозно е Мицкоски пак да му дава задачи на јавниот обвинител


  Опозициската СДСМ денеска ги осуди директоното мешање на премиерот Христијан Мицкоски во работатата на обвинителството, откако самиот призна дека му се јавил на државниот обвинител по одлуката за откажување на прогонот во случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“. Претходно, Мицкоски од собраниската говорница му подели задачи на обвинителот Ненад Савески. „Имаме скандалозно признание на […]

Почина маратонката Малесе откако колабираше на тренинг во Адис Абеба


Атлетската федерација на Етиопија потврди дека прославената маратонка Јебргуал Мелесе почина на 36-годишна возраст, откако се онесвестила на тренинг во Адис Абеба. Заминувањето на оваа легендарна атлетичарка на 36-годишна возраст остава голема празнина, особено затоа што се случи среде подготовките за маратонот во Отава, планиран за крајот на мај. Мелесе тренираше во Адис Абеба кога […]

Полска ги подигна борбените авиони


Полска денес подигна борбени авиони и ја стави воздушната одбрана во висока готовност поради голем руски напад врз Украина. „Борбените авиони и хеликоптерите се во оперативна употреба, додека системите за воздушна одбрана и радарски надзор се подигнати на повисоко ниво на готовност“, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа X. ❗️ Uwaga. […]

Македонските ракометари отпатуваа за Словачка


Македонската машка ракометна репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Прешов каде утревечер против домаќинот Словачка ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар на гостински терен избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одиграат во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот. Реваншот по кој ќе биде […]