SPAR го отвори првиот INTERSPAR маркет во Македонија, ќе инвестира 45 милиони евра во следните три години


Со официјален настан одржан вечерва, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на бул. Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар.

На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR Македонија.

Славица Блажева, комерцијален директор на SPAR Македонија, истакна дека доаѓањето на SPAR претставува почеток на долгорочна трансформација на малопродажниот пазар и силна инвестиција во економскиот развој на земјата.

Од SPAR соопштија дека влезот на SPAR на македонскиот пазар е поддржан со инвестиција од 45 милиони евра во следните три години, што ја потврдува силната доверба на компанијата во економскиот потенцијал и идните можности за раст на земјата.

Како дел од овој инвестициски циклус, околу 15 милиони евра ќе бидат наменети за отворање нови маркети и ребрендирање на постоечките малопродажни локации низ земјата во современи објекти со европски стандарди, подобрени услови за потрошувачите и внимателно одбран асортиман.

Истовремено, компанијата ќе инвестира околу 30 милиони евра во изградба на нов современ логистички центар со површина од над 40.000 квадратни метри. Новиот логистички центар ќе воспостави интегриран синџир на снабдување поддржан од модерна инфраструктура, напредна технологија и нови оперативни стандарди, со што ќе се зголемат ефикасноста, достапноста на производите и долгорочниот развој на малопродажниот пазар во Македонија. Проектот се очекува да отвори приближно 400 нови работни места.

„Она што нè прави особено горди е што SPAR не влегува на пазарот како непознат нов играч, туку преку искусен регионален партнер со долгогодишно успешно работење во малопродажба. Ова носи стабилност, експертиза и сигурност дека ќе воведеме докажани практики, повисоки стандарди и подобри услови во македонскиот малопродажен сектор“, додаваат од SPAR.

 

Таа ја нагласи и важноста на приватните марки на SPAR како еден од клучните столбови на развојната стратегија на компанијата во Македонија.

„Приватната марка SPAR не е само гаранција за висок квалитет и прифатливи цени, туку и конкретна можност за соработка со македонските производители. Со вклучување на домашни компании во развојот и производството на SPAR производи, директно ќе придонесеме за раст на локалната економија, ќе создадеме можности за мали и средни бизниси и ќе поддржиме отворање нови работни места во различни сектори“, велат од SPAR Македонија.

Првите маркети на SPAR официјално ќе почнат со работа на 14 мај (четврток), кога INTERSPAR маркетот во Retail Fresh Store и SPAR маркетот во Џевахир Мол ќе ги отворат вратите за сите потрошувачи.