И министерот Филков бара да биде преиспитана одлуката за мазутот
По премиерот и министерот за правда побара да се преиспита одлуката на обвинителството за прекинување на истрагата во случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ поради недостиг на докази.
Споре Игор Филков, „одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.
Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.
Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука“, рече во изјава Филков и побара од Советот на јавни обвинители да ја следат состојбата.