Заловените крави од Крива Паланка умираат од глад и во нехумани услови?
Не завршува приказната со познатите „крави од Крива Паланка“ кои веќе со години се проблем со кој државата никако да се справи, пишува „Инфомакс“.
Откако 81 животно беа заловени во Крива Паланка од страна на Агенцијата за храна и ветеринсрство, како надлежен државен орган задолжен за хуман третман на животните, во јавноста беа споделени информации дека истите ќе бидат продадени.м Извори на Инфомакс алармираат дека третманот на запленетите животни е несоодветен и истите умираат од гла.
– Државната институција која е задолжена да го контролира хуманиот третман на животните, во моментов врши свесно изгладнување до смрт на стотина запленети грла говеда. Наместо да бидат згрижени по одземањето, животните се оставени без храна и соодветна нега во кланицата во село Раклиш, Радовиш, вели извор на Инфомакс.
Според информациите, дваесетина животни веќе угинале од глад и несоодветен третман. Причина за смрт, неофицијално е екстремна неухранетост (изгладнување) и дехидрација. Преживеаните животни се во критична состојба.
До Инфомакс биле испратени и фотографии на кои јасно се гледаат угинати животни во кал, екстремно слаби (коска и кожа) и во несоодветни хигиенски услови. Сликите се направени на терен во објектот каде АХВ ги депонирала животните, иако истите мораат да бидат третирани строго согласно законските одредби откако ќе угинат.
Покрај нехуманиот третман на животните, се поставува и прашањето дали се одвоени буџетски средства за храна на овие животни и каде завршиле тие пари ако животните не се хранат како што е потребно? Дали свесната негрижа која довела до смрт на животните е штета по имотот и Буџетот на државата, бидејќи истите се државна сопственост и самата Агенцијата за храна и ветеринарство претходно најави дека заловените грла ќе бидат продадени на заинтересирани граѓани.