Полска ги подигна борбените авиони


Фото: Б. Грданоски

Полска денес подигна борбени авиони и ја стави воздушната одбрана во висока готовност поради голем руски напад врз Украина.

„Борбените авиони и хеликоптерите се во оперативна употреба, додека системите за воздушна одбрана и радарски надзор се подигнати на повисоко ниво на готовност“, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа X.

Според украинските медиуми, Русија започнала голем воздушен напад врз Украина во текот на денот и лансирала околу 200 дронови.

Воената разузнавачка служба на Украина соопшти дека Москва започнала комбиниран напад врз критична инфраструктура.

Тие тврдат дека Русија се обидува да ја преоптовари украинската воздушна одбрана со голем број дронови и дека подоцна се очекуваат ракетни напади, вклучително и балистички ракети.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предупреди дека може да има повеќе бранови руски напади со дронови во текот на денот.

Експлозии од воздушната одбрана се слушнале во Киев, објавува Kyiv Independent, додека снимки од последиците од нападот биле објавени од јужниот регион Одеса.