Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози


Париз – Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71)  е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во […]

Нетанјаху: „Бев на таен состанок во Емиратите“


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „тајно ги посетил“ Обединетите Арапски Емирати за време на војната со Иран, но Министерството за надворешни работи на земјата брзо ги негираше неговите тврдења и рече дека обвинувањата за посетата се „целосно неосновани“. Тие исто така нагласија дека односите меѓу двете земји не се засноваат на „неофицијални договори“ Иран […]

Црногорец улови туна тешка 82 килограми


Репрезентативецот на Црна Гора во подводен риболов, Душан Вукчевиќ, по драматична 18-минутна борба со туна тешка 82 килограми, успеа да ја извлече огромната риба. Туната е уловена на отворено море,во близина на Бар, пренесе РТЦГ. – Ова е улов на животот, како што милуваме да кажеме ние риболовците. Станува збор за голема и опасна риба, […]

Почина новинарот и поранешен директор на МИА, Живко Георгиевски


На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство.   Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал […]

Пентагон го запре распоредувањето на 4.000 американски војници во Европа


 Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА. Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM). Станува збор за војници што требаше да […]

Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6,9 отсто


 Во март годинава во земјава се евидентирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски. Кај ноќевањата, пак,  26,5 % се од домашните, а 73,5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на […]

ПСЖ ја одбрани титулата во Франција


Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во француската Лига 1, откако синоќа го совладаа директниот конкурент Ленс на гостински терен со 2-0 и стекнаа недостижна предност од девет бодови на едно коло до крајот на сезоната. Кварацхелија му донесе водство на ПСЖ во 25 минута, а откако Ленс во продолжението пропушти неколку идеални шанси за […]

Трубарево без вода


Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 10:00 часот ќе бидат корисниците од Трубарево, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Промоција на романот „Во Акрата нема мостови“ од Миле Бошњаковски


Во Изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ), вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на новиот роман „Во Акрата нема мостови“ од македонскиот писател Миле Бошњаковски. Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици […]

Автентично, емотивно и искрено: Мартин Косовец ја објави новата песна „Mjesec na dlanu“


Верната публика доаѓа на своето – Мартин Косовец го објави новиот сингл и спот „Mjesec na dlanu“. Оваа моќна и емотивна балада уште на прво слушање освојува со атмосферата и интерпретацијата, а спотот за песната снимен во Истра дополнително ја нагласува интимната топлина и атмосферата. „Mjesec na dlanu“ носи препознатлива комбинација на длабока емоција и силна вокална интерпретација, […]

Без струја улици во Гази Баба и Ѓорче Петров


Без струја денеска од 8:30 до 12 часот ќе останат корисниците на улицата „Благоја Стефковски“ и дел од Бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат и дел од корисниците на ул. 95 Волково во […]

Ши Џинпинг на средбата со Трамп изјави дека очекува 2026 година да биде „историска, значајна година“ за односите меѓу Кина и САД


Пекинг – Кинескиот претседател Ши Џинпинг на почетокот на средбата со својот американски колега Доналд Трамп во Пекинг изјави дека очекува тековната 2026 година да биде „историска, значајна година“ за односите меѓу Кина и САД, пренесе во живо Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ). Според Ши, кинеско-американските економски и трговски односи се „заемно корисни“. Тој го поздрави […]

Второ полуфинале на Евросонг во Виена. Што велат обложувалниците?


Вечерва е второто полуфинале на Евросонг 2026. МТВ и Македонското радио ќе вршат директен пренос од сите три вечери , од арената „Винер Штадхале“ од 21 часот. Освен 15-те изведувачи кои се натпреваруваат за едно од 10-те места во Големото финале, ќе ги видиме и настапите на директните финалисти, француската претставничка Монро со песната „Regarde“, […]

Концерт на Македонската филхармонија вечерва во Струга


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва од 19 часот ќе одржи концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата. Под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, оркестарот пред струшката публика ќе се претстави со програма составена од музика од познати […]

Изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев во Македонскиот КИЦ во Софија


Во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија денеска ќе биде отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата „Дамки“ е составена од серијата цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“, реализиран 2020 година во Културно информативниот центар Кочо Рацин – Скопје во галеријата Кора и „Политичка лиричност“, реализиран во НУ Музеј – […]

Трето издание на „Деновите на поезијата“ од 14 до 16 мај во Скопје Сити Мол


Под мотото „Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“, од 14 до 16 мај во Скопје Сити Мол ќе се одржи третото издание на „Денови на поезијата“, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Како што информираат организаторите, годинашната програма ќе биде посветена на соништата на македонските […]

Евроамбасадорот Рокас во посета на Крушево и Битола


Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ги посети општините Крушево и Битола. Посетата на Крушево е дел од иницијатива за информирање на јавноста со цел да се приближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Битола е во рамки на прославата на Денот на Европа низ […]

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 14 мај 2026 година, 134-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  231 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 15 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 31 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Сенатот на САД го потврди Кевин Ворш за нов претседател на Федералните резерви


Сенатот на САД денеска го потврди Кевин Ворш за нов претседател на Управниот одбор на Федералните резерви (ФЕД). Ворш ќе ја преземе функцијата со четиригодишен мандат веднаш по неговото свечено положување заклетва. Горниот дом на американскиот Конгрес претходно го избра за член на влијателната централна банка на земјата, со што му го отвори патот кон […]