Сенатот на САД го потврди Кевин Ворш за нов претседател на Федералните резерви


Сенатот на САД денеска го потврди Кевин Ворш за нов претседател на Управниот одбор на Федералните резерви (ФЕД).

Ворш ќе ја преземе функцијата со четиригодишен мандат веднаш по неговото свечено положување заклетва.

Горниот дом на американскиот Конгрес претходно го избра за член на влијателната централна банка на земјата, со што му го отвори патот кон челната позиција на ФЕД.