Македонските ракометари отпатуваа за Словачка


Македонската машка ракометна репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Прешов каде утревечер против домаќинот Словачка ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2027.
Првиот натпревар на гостински терен избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одиграат во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот.
Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Германија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.
Македонските ракометари ја имаат фаворитската улога и во двете пресметки со Словачка ќе се обидат да го изборат своето десетто мундијалско учество, а осмо во низа.