Почина 29-годишен кошаркар на Мемфис
Кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк почина на 29-годишна возраст соопшти неговата агенција „Прорити Спортс“. Кларк беше избран како 21.пик на НБА драфтот во 2019 година. Целата своја кариера седумгодишна кариера ја мина како играч на Мемфис Гризли.
Во сезоната 2025/26 одигра само два натпревара. На почетокот од сезоната закрепнуваше од повредата на коленото, а потоа имаше нова повреда во декември и ја пропушти сезоната.
На 1.април бил уапсен во округот Крос, во сојузната држава Арканзас и обвинет за трговија и поседување контролирани супстанции, бегство со возило при прекорачување на брзината и неправилно претекнување.
Сочувство до семејството упати и клубот Мемфис, каде во својата кариера Кларк постигна 10,2 поени и 5,5 скокови за седум сезони.