Во „Бучим“ го чекаат стартот на „Боров Дол“, но и повисока цена на бакарот


И рудниците не се имуни на корона кризата – цената на бакарот на тригодишен минимум – „Бучим“ продолжува да работи со редовно производство, иако сега цената на бакарот е под 5.000 долари за тон    Веста дека до крајот на годината ќе стартува рудникот „Боров Дол“, во „Бучим“ ја доживуваат како некој кој ја добива […]

Мицкоски подготвен да помогне на Владата, нуди економски мерки


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес, а таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. „Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ за мене е јасно дека на владата и треба помош, исто […]

Чулев: Личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на домашна адреса на граѓаните. Ваквата можност нема да важи за пасошите бидејќи за нив при подигањето на документот е потребно е […]

Германија ќе остане заклучена најмалку до 20 април


Германија нема да ги олесни мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот пред 20 април, изјави изјави шефицата на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел за германски весник. „Ние не зборуваме за олеснување пред 20 април“, рече Хелге Браун за интернет изданието на „Тагесшпигел“, додавајќи дека пред 20 април Германија ќе донесе одлука кои ограничувања […]

Албанија: Бројот на заразени од Ковид -19 се зголеми на 197 лица, од кои десет починати


Во последните 24 часа во Албанија дијагностицирани се нови 11 случаи со Ковид-19, со што бројот на заразените се зголеми на 197 лица. – Тестирани се 79 лица сомнителни на новиот коронавирус, а од нив позитивни се 11. До овој момент тестирани се вкупно 1.325 сомнителни случаи од кои позитвни на Ковид-19се 197 лица. Во […]

Општина Карпош врши дезинфекција на станбените згради во населбата Козле


Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги дезинфицираат влезовите од згради во населбата Козле. Се дезинфицираат влезните врати, сандачињата, гелендерите и лифтот. -Оваа акција се спроведува во текот на целата недела. Се дезинфицираа зградите со повеќе од осум домаќинства, во сите населби на територија на општината. Во текот на утрешниот ден, ќе бидат дезинфицирани и […]

Со специјален лет граѓаните кои се во Словенија се враќаат дома


Со специјален лет на компанијата Виз Ер, околу 130 наши граѓани кои престојуваа во Словенија се враќаат дома во Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, авионот претпладнево полета од аеродромот Берник, а во него беа оние кои поради епидемијата на коронавирусот сакаа да се вратат дома. Сите тие претходно дале согласност дека […]

(Видео) Македонски ентузијасти: Како се печатат 3D визири за заштита на лекарите?


Група ентузијасти почнаа да печатат 3D визири за заштита на лекарите од корона вирус. Замолија сите кои имаат 3D печатачи да им се придружат. Не е мал бројот на оние кои се пријавија на повикот, а меѓу нив е и професорката Даниела Перуновска Сандева. Таа објави видео од изработката на визирите. Погледнете како изгледа постапката: […]

Во Шпанија уште 832 мртви, во Франција 299


Бројот на смртните случаи од корона вирусот во Шпанија денеска се искачи на 5.690, повеќе за 832 во последниве 24 часа. Досега има починати 5.690 лица. Вкупниот број на заразени е 72.248. Од нив на интензивна нега се 4.575, а излечени се 12.285. Во Франција последните 24 часа однесоа 299 животи, со што бројот на […]

Хотелот „Молика“ ќе биде државен карантин за 90 лица


АД ЕСМ соопшти дека нивниот хотел „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карактин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји. Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот. – Транспортот и сместувањето ќе бидат […]

Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа


Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа. Од секторот за односи со јавност посочуваат дека најавата за подобрување на временските услови не значи и отстранување на забраната за викенд во Преспа и во таа смисла не е дозволен престој во Отешево, Стење, […]

Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради


Министерството за транспорт и врски преку Регулаторната комисија за домување испрати апел до сите граѓани кои живеат во колективните згради да ги дезинфицираат заедничките простории во зградите. – Согласно препораките на Главниот координативен штаб, сите заедници на сопственици на станбени згради како и управители на станбени згради потребно е да преземат активности за дезинфекција на […]

Потопло време до вторник, од среда повторно заладување


Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од […]

Државните карантини се безбедни – сместени 1.082 граѓани


Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се најдоа во странски земји се по највисоки здравствени стандарди. Во 19 сместувачки капацитети обезбедени се 2.104 легла во моментов, а од нив пополнети до сега се 1.082 легла. – Граѓаните сместени во државните […]

Мукаетов: Лекови и дезинфециенси има доволно, потребни се мерки за спас на економијата


Смирувачки пораки до граѓаните за снабдувањето со лекови и средства за дезинфекција упати директорот на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во интервју за ТВ 24. Првиот човек на најголемата македонска фармацевтска компанија исто така порача дека се неопходни итни економски мерки со кои ќе им се помогне пред се на малите и средни претпријатија и на вработените […]

Светот ни честита за НАТО членството


Министерството за надворешни работи на Македонија синоќа се обои во темно сино за да го одбележи првиот ден од членството на нашата држава во НАТО.  Предавањето на нашиот пристапен документ и церемонијата вчера во Вашингтон покрена море од честитки од странство. Честитки, освен генералниот секретар на НАТО и многу други преставници на Алијансата, упатија и […]

Во Франција од корона вирус почина 16-годишна девојка


  Во Париз, Франција од корона вирус почина 16-годшна девојка Жули А., а нејзината мајка Сабине за France24 раскажа дека се случило многу брзо откако почнала да кашла. Таа се обидела да ги ублажи симптомите со чај, сируп и со инхалации. Со оглед ан тоа што корона вирусот потешко ги погаѓа старите лица, овој случај […]

Аеродром дели дезинфекциски средства и држачи за влезовите во зградите


Од вчера и во текот на денешниот ден Општина Аеродром ќе ги дели дезинфекциските средства и држачите за влезовите на станбените згради. На контакт-мејлот на Општината пристигнаа над 200 барања од заинтересирани граѓани, заедници на станари и управители на станбени згради, кои ќе бидат контактирани телефонски или електронски за денот на подигнувањето на средствата. Со […]

Киднапиран директор на болница сред корона вирус криза


  Дирекотрот на една од главните болници на Хаити е киднапиран во петокот среде борбата со крона вирусот, а персоналот на болницата во знак на протест одби да прими пациенти. Хирургот Џери Битар е киднапиран кога тргнал од дома на работа во болницата „Бернард Мевс“. Голем борј луѓе се собраа пред болницата во знак на […]