Светот ни честита за НАТО членството


Министерството за надворешни работи на Македонија синоќа се обои во темно сино за да го одбележи првиот ден од членството на нашата држава во НАТО.  Предавањето на нашиот пристапен документ и церемонијата вчера во Вашингтон покрена море од честитки од странство.

Честитки, освен генералниот секретар на НАТО и многу други преставници на Алијансата, упатија и повеќе американски функционери вклучувајќи го Мајк Помпео, амбасадорката на САД во НАТО Кеј Бејли Хачинсон, амбасадорката на Велика Британија во Алијансата Сара Мекинтош, министри и функционери од многу земји, меѓу кои  Катарина Захариева од Бугарија, МНР од Грција, Фатос Нано од Албанија , Џастин Трудо од Канада, Стеф Блок од Холандија, Литванија, Полска, НАТО мисијата од Авганистан…Влезот во НАТО го овековечија со фотографии и некои наши функционери. Еве галерија како ни го честитаа влезот во Алијансата меѓународните преставници.