Германија ќе остане заклучена најмалку до 20 април


Германија нема да ги олесни мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот пред 20 април, изјави изјави шефицата на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел за германски весник.

„Ние не зборуваме за олеснување пред 20 април“, рече Хелге Браун за интернет изданието на „Тагесшпигел“, додавајќи дека пред 20 април Германија ќе донесе одлука кои ограничувања може да се олабават од тој датум.

Германија кон средината на март ги затвори училишта, продавници, ресторани, игралишта и спортски објекти и многу компании престанаа со производство за да помогнат во забавување на ширењето на болеста.

Според германскиот институт „Роберт Кох“ за заразни болести, земјата имала 42.228 потврдени случаи на коронавирус и 253 лица починале од оваа болест заклучно со петок. (Ројтерс)