Цената на респираторите порасна од 25.000 на 45.000 долари


Гувернерот на американската држава Њујорк, Ендрју Куомо, денеска објави дека поради големата побарувачка цената на респираторите пораснала драматично – од 25.000 на 45.000 долари. Гувернерот Куомо веќе една недела се бори да ја убеди администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека на болниците во државата итно ѝ се потребни 40.000 респиратори. Трамп изјави синоќа дека не […]

Бројот на мртвите во Италија надмина 10.000 лица


Во последниве 24 часа во Италија починале 889 лица (вчера 969) со што бројот на оние што умреа помина 10.000. Денеска биле регистрирани нови 3.651 заразени (вчера бројката беше 4.401). Бројот на излечените денеска е 1.439 во споредба со 589 вчера.

Шпанска принцеза почина од корона вирус


Шпанската принцеза Марија Тереза (87) од кралското семејство Бурбон-Парма, почина откако се заразила со корона вирус, пишува „Мирор“. Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврди веста за медиумите. Марија Тереза е една од петте илјади умрени жители на Шпанија поради корона вирусот. Родена е во 1933 година во Париз како една […]

ЕУ ќе ни плати медицинска опрема за 4 милиони евра


ЕУ оваа недела најави поддршка од 66 милиони евра на Македонија за ублажување на влијанието од појавата на „Ковид-19“ во земјата. Сумата вклучува непосредна поддршка од 4 милиони евра на здравствениот сектор за обезбедување на потребната опрема, што ќе се обезбеди со помош на помош на партнерите на ОН во наредните недели. Останатите 62 милиони […]

Русија ги затвора границите


Русија ќе ги затвори своите граници од 30 март во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, соопшти денеска руската Влада. Мерката ќе се однесува на сите возила, железничките и пешачките контролни пунктови, како и на руските поморски граници. Од оваа мерка ќе бидат изземени само руските дипломати и возачите на камиони. Русија веќе ги […]

Новиот пакет мерки на Владата под лупа на Економскиот совет


Економскиот совет при Владата денеска одржа состанок на кој беше разгледан дополнителниот пакет мерки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика корона вирусот. Економскиот совет работи на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски и ова е втор состанок на ова советодавно тело. Како што соопшти […]

Венецуелски генерал се предаде на ДЕА


Вработени во Одделот за борба против наркотици (ДЕА) полетале синоќа за Колумбија да го приведат Кливер Алкала Кордонес, венецуелски генерал во оставка, кој од САД е обвинет за нарко тероризам, објавија некои американски медиуми. Според весникот „Ел тиемпо латино“, генералот се предал на колумбиските власти, кои синоќа го пренеле до аеродромот Баранкила, каде го чекале […]

Самоизолацијата во Србија продолжена од 14 на 28 дена


Србија го продолжи периодот на задолжителна самоизолација од 14 на 28 дена, а забраната за движење во деновите на викендот почнува од 15 часот и трае до 5 часот. Ова се најновите мерки што ги донесе денес српската влада. Денес до 15 часот во оваа земја со корона вирус вкупно беа потврдени 659 лица. Одлуката […]

Средношколец во Хрватска добил единица на онлајн настава по физичко


Еден ученик во средно училиште во Хрватска добил единица за време на онлајн наставата по физичко, пишува хрватски „Јутарњи лист“. Повикувајќи се на соговорници блиски до ученикот, професорот поставил апликација преку која од ученикот се барало да прати доказ дека направил неколку вежби, односно да го измери пулсот. „Бидејќи тоа не го сторил во предвидениот […]

Кога непријателот е внатре


Европа ги затвори границите надевајќи се дека ќе го запре продорот на невидливиот непријател – корона вирусот. Но непријателот веќе беше внатре, во нејзините градови и командуваше со стравот   ЉУПЧО ПОПОВСКИ (Колумна за Дојче веле) „Чудните настани што го чинат предметот на оваа хроника се случија во 194., во Оран. Според општото мнение, ним […]

Ветеринарна комора: Kучињата да се шетаат и за време на полициски час


Сопствениците на домашни миленици да добијат специјални дозволи со кои ќе може да ги изнесуваат кучињата надвор и додека трае полицискиот час, посебно за викендите, кога забраната за движење почнува од 16:00 часот, препорачува Ветеринарната комора. Притоа нагласува дека е многу важно да се дефинираат строги ограничувања и во таа насока предлага: движењето на сопствениците […]

Инспиративна фотографија: Евреин и муслиман се молат заедно


Фотографија на која се гледа како евреин и муслиман се молат заедно многумина ја сметаат за инспиративна во време на пандемија од корона вирус. Двајца членови на израелската служба за итни случаи Маген Давив Адом Аврахам Минц и Зохер Абу Џама, по бројни интервенции нашле малку време да се помолат заедно, а нивните фотографии станаа […]

Новозаболените лица во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст


Со денешните нови два случаи на потврдени заболени лица со Ковид-19, во Прилеп вкупно се осум заразени лица. Како што информираат од прилепскиоt Центар за јавно здравје станува збор за маж и жена на возраст од 73 и 74 години. И двајцата биле во контакт со првите два потврдени случаи на корна вирус. Сместени се […]

Ограбени две аптеки во Скопје – крадецот со нож им се заканил на вработените


Во текот на вчерашниот ден на идентичен начин биле ограбени две скопски аптеки. Првиот грабеж се случил во аптека во трговски центар на булеварот „Партизански одреди“, а вториот на булеварот „Јане Сандански“. Во двата случаи, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработените, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настаните.

МИОА: Во Македонија нема 5Г мрежа


Од Министерството за информатичко општество и администрација ги демантираа информациите дека деновиве во Северна Македонија се прават тестирања за 5Г мрежа. – Владата на Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено […]

Стивнаа песните од тераса во Италија – луѓето се плашат од глад


Рекорден број умрени во Италија од корона вирус, вкупно 9.950 луѓе подлегнаа на болеста, а починати се и 51 лекар. За пет седмици од почетокот на епидемијата во Италија регистрирани се 86.498 заразени, со што ја надмина Кина. Стручњаците кои го следат ширењето на епидемијата од корона вирус во Италија тврдат дека постојат цврсти докази […]

Италијанскиот премиер ја повика ЕУ да издаде „обврзница за закрепнување“


Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја повика Европската унија да издаде „обврзница за закрепнување“ за да им помогне на земјите-членки во борбата против пандемијата на коронавирусот. Тој порача дека неуспехот во решавањето на вонредната состојба ќе биде „трагична грешка“ на Унијата. Во интервју за италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре“, објавено денеска, Конте вели дека е […]

Приведени се 44 лица за непочитување на мерката за забрана за движење


Во текот на изминатото деноноќие (27/28 март) на територијата на државата вкупно 94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 44 лица, 10 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираа дека […]

Шилегов, Шекеринска и Филипче извршија увид во градежните работи за подигнување на монтажната болница


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Град Скопје. Оттаму објаснуваат дека просторот, со одлична меѓуинституционална соработка бил расчистен […]

Жена од Струга нова жртва од корона вирусот. Бројот на заболените зголемен за 22


Министерот за здравство, венко Филипче објави дека во изминативе 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на корона вирус во земјата и дека има уште еден смртен случај, тоа е жена од Струга. Со тоа, вкупниот број на починати сега изнесува 4. Според неговата објава на фејсбук за прв пат има заразени бо Битола и […]