Приведени се 44 лица за непочитување на мерката за забрана за движење


Во текот на изминатото деноноќие (27/28 март) на територијата на државата вкупно 94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 44 лица, 10 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека во текот на вчерашниот ден на 90 лица им се издадени решенија за изолација, додека 99 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица во самоизолација не ја почитувале оваа мерка, односно не биле пронајдени во својот дом. По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 253 контроли и во шест случаи констатирано е непочитување на мерките, наведоа од Министерството.