Под закана со нож, малолетник ограбил 14-годишник – и претходно го правел истото
14-годишно момче од Тетово било ограбено под закана со остар предмет од свој врсник.
Според пријавата, ова не бил прв ваков случај.
Имено, како што информираат од МВР, вчера во 15:15 часот, 43-годишен жител на Тетово пријавил во СВР Тетово дека малолетник од градот му се заканил со остар предмет на неговиот 14-годишен син и му одзел пари. Според пријавеното, истиот малолетник и претходно го сторил истото дело врз момчето.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.