Малолетници натепани од неколку врсници на автобуска постојка во Центар


Фото: Б. Грданоски

Двајца малолетници физички нападнати од неколку врсници на автобуска постојка во скопски Центар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во СВР Скопје, А.С.(43) и Л.Р.(44), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нивните малолетни синови биле физички нападнати од неколку други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.