Подолг период физички и психички ги малтретирале своите три деца – уапсени маж и жена од скопско
Вчера во 16:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(47) и Љ.Б.(42).
Како што се наведува во полицискиот билтен, двајцата родители биле уапсени, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период физички и психички ги малтретирале нивните три малолетни деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.