Малолетници натепале врсник, бидејќи одбил да им го даде својот тротинет


Фото: Б. Грданоски

Малолетник бил мета на закани и барања за пари од две други малолетни лица во Тетово.

Како што информираат од МВР, вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него.

Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад во Тетово, кога момчето одбило да им го даде својот електричен тротинет, по што едно од малолетните лица физички го нападнало.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.