Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во гостиварско- жената има скршен череп и крварење во мозок
Во Психијатриската болница во скопско Бардовци е спроведен 52-годишниот М. М. која ја претепа 42-годишната сопруга која е во животозагрозувачка состоја во КАРИЛ на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода М.М. од селото, лице со нарушено ментално здравје.
Исто така, при лишувањето, тој давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.
Жената која била тепана два дена има скршен череп, крварење во мозок, сериска фрактура на ребра, воздух во плевра и полупаднато едно белодробно крило.
Од Обвинителството велат дека правната квалификација ќе биде одредена согласно доказите.
„Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, вели Обвиниелството.