Новиот пакет мерки на Владата под лупа на Економскиот совет

Економскиот совет при Владата денеска одржа состанок на кој беше разгледан дополнителниот пакет мерки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика корона вирусот.

Економскиот совет работи на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски и ова е втор состанок на ова советодавно тело.

Како што соопшти владината прес- служба, на состанокот учествуваа и вицепремиерот за европски прашања и за координација на меѓународната помош, Бујар Османи, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, техничката заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, како и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Членовите на економскиот совет, со претставници од стопанството и финансискиот сектор од корона вирусот, во кое учествуваат претставници на МАНУ, на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, на состанокот ги дадоа своите мислења и понудија дополнителни укажувања, насоките и препораки, како и нови предлози за да се креира ефикасен пакет за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните.

Премиерот Спасовски на крајот од состанокот се заблагодари за укажувањата, препораките и новите предлози, и истакна дека Владата останува отворена и за дополнителни укажувања до затворањето на пакетот економски мерки кои ќе бидат донесени на една од првите наредни седници, се вели во соопштението до медиумите.