Цената на респираторите порасна од 25.000 на 45.000 долари


Гувернерот на американската држава Њујорк, Ендрју Куомо, денеска објави дека поради големата побарувачка цената на респираторите пораснала драматично – од 25.000 на 45.000 долари. Гувернерот Куомо веќе една недела се бори да ја убеди администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека на болниците во државата итно ѝ се потребни 40.000 респиратори.

Трамп изјави синоќа дека не му верува на гувернерот оти на државата ѝбиле потребни толку многу респиратори и го искара Куомо зошто не направиле поголеми порачки минатите години.

Потпретседателот Мајк Пенс претходно изјави дека 4.000 респиратори ќе бидат испратени во Њујорк. Во моментов има 46.000 заразени во државата Њујорк и 519 мртви.