ЕУ ќе ни плати медицинска опрема за 4 милиони евра


ЕУ оваа недела најави поддршка од 66 милиони евра на Македонија за ублажување на влијанието од појавата на „Ковид-19“ во земјата.

Сумата вклучува непосредна поддршка од 4 милиони евра на здравствениот сектор за обезбедување на потребната опрема, што ќе се обезбеди со помош на помош на партнерите на ОН во наредните недели.

Останатите 62 милиони евра поддршка од ЕУ се посветени на социјалното и економското закрепнување на земјата.