Ограбени две аптеки во Скопје – крадецот со нож им се заканил на вработените


Во текот на вчерашниот ден на идентичен начин биле ограбени две скопски аптеки.

Првиот грабеж се случил во аптека во трговски центар на булеварот „Партизански одреди“, а вториот на булеварот „Јане Сандански“.

Во двата случаи, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработените, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните.